imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Дигитална уметност со помош на iPad Pro и Apple Pencil


Apple во соработка со непрофитната организација под името „Art of Autism” покрена специјална програма која на уметниците ќе им овозможи да ги истражат своите уметнички капацитети со употреба на iPad Pro со Apple Pencil.

Аутизмот е многу сложено пореметување во развојот на мозокот, кој го карактеризира слаба или никаква социјална интеракција и комуникација и ограничени и репетитативни обрасци на однесување. За жал, излекувањето на ова пореметување засега не е можно, но терапцијата на големо може да го подобри квалитетот на животот на оние кои се погодени.

„Art of Autism” е меѓународна организација чиј фокус е инспирирање на уметничките активности на луѓето кои живеат со аутизам. Тие им се ментори на своите уметници и им помагаат да ги објават и продадат своите дела. Оваа година, по повод „National Autism Awareness Month” во САД, почнаа соработка со Apple и ги повикаа уметниците со аутизам да ја испробаат работата на iPad Pro во комбинација со Apple Pencil.

Освен што се занимава со сликање, Angela Weddle (34) од Њу Орлеанс е професор по уметност, а се испроба и во доменот на стенд ап комедија. Имаше прилика да работи на првиот iPad Pro уред, така што користењето на таблет не и е непознато и нејзиниот впечаток е дека осетливоста на Apple Pencil е многу импресивна. Со оглед дека е принудена поголем дел од времето да го помине во инвалидска количка, многу го цени тоа што не мора со себе да ја носи комплетната сликарска опрема. Изјавила и дека Apple Pencil и помогнал да ја креира најприближната визија, која од старт ја имала на ум.

Ronaldo Byrd од Њу Џерси воглавно слика луѓе, бидејќи негова омилена тема е прикажување на кулуролошката разновидност. Пред да го испроба iPad, неговото дигитално искуство се засновало само на употреба на компјутер. По употребата на таблет и стајлус, ги повика сите на овој начин да ги реализираат своите најлуди соништа.

За Kimberly Gerry-Tucker од Конектикат, уметноста е најдобар терапевтски начин на комуникација со светот. Таа никогаш немала iPad и дигиталното сликање за неа е многу забавно. Според нејзино мислење, технологијата и овозможила создавање на поубави уметнички дела, а употребата на визуелно студио и отвори нови светови на креативност.

Тинејџерската Jalyn Weston ја посматра уметноста многу сериозно и имала самостојни изложби во својот дом со само 13 години. Иако користела iPad и претходно, никогаш не експериментирала во смисла на сликање. Ги истакнала неброените предности на Apple Pencil во однос на традиционалните алатки.

Joel Anderson (27) од Калифорнија може да се смета за ветеран на дигиталната уметност. Освен анимираните филмови, има и своја детска книга. Како и останатите, ја истакна преносливоста на iPad која му овозможува да создава и на патувањата. Користењето на Apple Pencil за него е чудесно и реалистично искуство, како сликањето на вистинско платно.

Уметницата под името Wen of Zen од Нешвил себеси се опиша како фрик за техника, кој ги користи таблет уредите на Apple уште од претставувањето на првиот iPad. Таа дуото iPad Pro со Apple Pencil го опиша како најгикени уметничко студио во универзумот. Според неа, што и да замислите, сега лесно можете да го пренесете на дисплејот.

David Idell (24) од Калифорнија продава поголем дел од своите дела и донира добар дел од заработката во добротворни цели. За жал, тој е во состојба да комуницира со само неколку зборови, така што не ги опиша детално своите искуства, но сепак истакна дека користењето на iPad е прилично кул, но во некои моменти му било и малку тешко.

Се на се, можеме да кажеме дека уметниците уживале во користењето на Apple уредите. Спроведовме и кратко истражување – од чиста љубопитност – и ги споредивме уметничките дела насликани со традиционалните техники со оние креирани на iPad. Проверивме и на кој начин уметникот може да го имплементира сопствениот стил во дигиталната уметност.

Споредувајќи ги двете уметнички дела кои ги наслика Angela, јасно можете да видите дека успеала да го репрдуктира сопствениот личен стил и неговите карактеристики. Најзначајната разлика е во квалитетот на сликата, но мораме да истакнеме дека не било потребно да се прави компромис при користењето на дигиталните алатки.

Како аматерски љубители на уметноста, би рекле дека магијата на класичните алати не може да се избегне, но мораме да признаеме дека во рамките на оваа програма се направени одлични слики.

Извор: The Art of Autism

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.