imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Dislike се најде на дневниот ред на YouTube


Очигледно сакаат да им ја отежнат работата на навредливите кампањи и да ги заштитат останатите автори на видеата. Овој чекор отпрвин можеби се чини како реакција на неодамнешниот проблем, иако всушност се работи само за лош тајминг.

YouTube е одлична социјална платформа, можеби и најдобра за оние со креативен дух. Секако, тоа не значи дека е совршена! Постојано се развива и менува, а програмерите го подобруваат корисничкото искуство со ситни чекори.

Сега на дневен ред е опцијата dislike – поточно, ситуацијата кога кога корисникот ќе го отвори видеото само за да притисне палец долу, а да не го погледнал самото видео.

Tom Leung, водачот на екипата со управување на содржините на YouTube, во својата објава се осврна на таа тема (и ги посвети првите четири минути):

Leung тврди дека оваа приказна засега е во својата почетна фаза и сподели некои идеи, кои сега можеби се чинат драстични и дека им треба дополнително подесување:

  • Би им допуштиле на корисниицте користење на копчето dislike, под услов да објаснат зошто го употребиле.
  • Повеќе не би било видливо колку луѓе притиснале палец горе, а колку палец долу.
  • Би го отстраниле целиот dislike систем (Тоа е всушност функција од Facebook, која Leung не ја смета посебно демократска).
  • Корисниците би можеле да притиснат палец горе, но не и палец долу. (Оваа опција е можеби најлоша.)

Сепак, фактот дека YouTube од почеток одлучи отворено да разговара за овој проблем и постапката за пронаоѓање решение е исклучително позитивна. Има само еден проблем, а тоа е избраниот момент. Очигледно е дека за една тема не сакаат да разговараат

видеото YouTube rewind 2018.

Се работи за објава која има најмногу добиени палци доле во историјата на YouTube (сега бројката достигна околу 15 милиони), а е дело на уредништвото на YouTube. Секако, толку негативни поени се собрани првенствено затоа што одредени корисници ги поттикнаа своите следбеници на тој потег, не нужно затоа што видеото не им се допадна на толкав голем број луѓе. Имено, ова видео не ја славеше заедницата на корисници на YouTube, туку беше насочено кон огласувачите и ширењето на политичката коректност. Накратко, се работи за неуспешен обид и можеби е прерано за тоа отворено да се разговара.

Меѓу коментарите може да се пронајде еден предлог кој YouTube може да го искористи и да го прилагоди на својот вкус: би можело да се огранички кога корисниците можат да дадат dislike. Па, претпоставувам дека тоа би било допуштено по првиот рекламен блок.

Во моментната ситуација, постои решение за борба на каналот против офанзивна кампања: иако опцијата like/dislike е присутна кај секое видео, таа лесно може да се исклучи, баш како и коментарите. Прашање е само која порака се испраќа на тој начин?

Интересен е и фактот дека сегашната видео снимка на Tom Leung има 1.200 лајкови и 1.400 дислајкови. Воедно, сите оние кои се заинтересирани за YouTube и неговите интерни процеси би требало да се пријават на Creator Insider каналот. Среќно (дис)лајкување.

Мислите ли дека YouTube треба да преземе мерки против навредливите кампањи? Како? 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.