imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Do Not Disturb за време на спиењето во iOS 12


Иако најновиот iOS не ги воодушеви корисниците со многу иновации како минатата година, можно е да се пронајдат некои новитети. Една од најдрагите функции за нас е Do Not Disturb (Забрана за пречење) во текот на спиењето.

Функцијата Do Not Disturb е многу едноставна за користење – доволно е да ја притиснете мала икона на месечина, па сите известувања и дојдовни повици повеќе да не ви пречат. Секако, можете да се поиграте со системот и да составите повици исклучоци, или пак да употребите некоја од функциите на iOS која ги поништува сите стивнувања.

Единствен проблем кај оваа функција е дека телефонот е навистина безгласен, но штом ќе почнете да работите на него, ќе ве затрпа со многу известувања. Поради тоа, програмерите одлучија малку да си поиграат со неа и смислија решенија кои им одговараат на нашите секојдневни навики.

За почеток, треба да го поставите периодот кога оваа функција ќе биде вклучена, значи времето кога спиете. Тогаш само вклучете го Do Not Disturb и ќе можете мирно да го проверувате времето во текот на ноќта, а притоа да не ве нападнат известувањата. Инаку, iOS 12 донесува многу такви корисни функции.

На пример, ги очекуваме функциите на групните известувања и деталните дијагностики на нашите навики на употреба на смартфонот. Craig Federighi исто така истакна дека системот нема само да ве предупредува кога предолго го употребувате мобилниот, туку и кога го употребувате помалку од вообичаеното.

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!