imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Додатоците на Apple се еднакво барани како популарните кукли


Продажбата на AirPods во САД соборува рекорди, а многу се барани и оние додатоци кои корисниците би сакале да бидат дел од пакетот со уредите.

Дали сте слушнале за L.O.L. Surprise! кукли? Ни јас. Меѓутоа, тие наводно би требало да биде хит на годинашната божиќна сезона во САД. Дур и North West (ќерката на Kim Kardashian) била облечена како кукла за една модна ревија. Значи, ако сакате посебно да развеселите некое девојче, ова би можел да биде полн погодок. Нема на што!

Но, каква врска има тоа со Apple? Никаква. Меѓутоа, овие кукли се на листата на најпродавани уреди во октомври објавени на Thinknum. Меѓу избраните десет се најдоа и четири производи на Apple.

На прво место – прв пат во историјата на Best Buy листата – се најдоа AirPods слушалките. И покрај сите гласини за надградбата на тој производ, оваа верзија не се смета за застарена. Тоа е навистина совршен уред, кому добро би му дошла надградба, но не му е нужна.

На последно место, исто така, е делото на Apple, Lightning – 3,5 mm Jack адаптер, кој од оваа година повеќе не е дел од пакетот со уредот. Од една страна, мене не ми недостасува, бидејќи се повеќе се потпирам на безжичното поврзување. Но од друга, ова јасно покажува дека се работи за нагла промена за поголем дел од корисниците.

На седмо место заседнаа EarPods слушалките со Lightning конектор. Убаво е дека се најдоа меѓу првите десет. Сепак, тоа се случи само затоа што безжичното решение е толку скапо.

А на осмо место е легендарниот USB – Lightning кабел. Зад него се чудесните кукли од почетокот на приказната.

Исто така, ова е историски момент – нашиот прв текст за Apple во кој се споменува името Kardashian.

Извор: Thinknum

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.