imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Докажано е постоењето на iPhone X Plus


А кој друг би можел да состави речиси официјални информации за уредот кој би требало да пристигне во септември, ако не двојката составена од најновата бета верзија на iOS 12 и Guilherme Rambo?

Очигледно, тоа и не се така нови вести, бидејќи во изминатата половина година Kuo и Gurman пробуваат да се надминат еден со друг, откривајќи информации за презентацијата во септември. Меѓутоа, iOS 12 бета е сепак нешто што е лансирано од Apple и ако содржи било какви детали за претстојниот уред, тоа е многу поофицијален извор од нешто што некој видел или слушнал.

Заслугите за најновото откритие се на Guilherme Rambo, кој минатата година ги откри информациите за iPhone X, на ист начин. Еве ја официјалната објава на Twitter која тврди дека ја прикажува шематската слика на iPhone X Plus. Како и да е, уредот изгледа исто како и годинашниот iPhone X, само што е малку подолг.

Rambo исто така пронајде икона за iPad Pro, која е во форма на квадрат, како иконата на Apple Watch. Подоцна откри дека причината на аномалијата би можело да биде тоа дека чудната икона ги прикажува двете големини на iPad измешани заедно.

Моментната бета верзија на iOS 12 откри многу работи. Ни обелодени за новото куќиште за полнење на AirPods, Dual-SIM iPhone и HomePod со изворна функција за повици, а да не споменуваме колку дознавме за екраните на новите iPad уреди, кои се многу слични на iPhone X Plus.

Извор: The Verge

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.