imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Дополнително Mac Pro најавно видео со гласот на Jony Ive


Многу ми недостасуваше Jony Ive од Keynote презентацијата, а најмногу кога го претставија новиот Mac Pro. Ќе беше одлично доколку најмоќниот компјутер на Apple со навистина извонреден дизајн беше претставен од легендарниот дизајнер на компанијата.

Мислам дека и Apple го мислеше истото, па и покрај тоа што не беше прикажано за време на презентацијата, на официјалниот YouTube канал се појави петминутно најавно видео со небесниот глас на Jony Ive.

Дизајниран и произведен за да овозможи широк спектар на намени и практично неограничени можности за прилагодување. Нашата преокупација со алатките и функцијата го дефинира дизајнот на Mac Pro, вели Jony Ive во најавното видео.

Видеото што беше снимено во 60fps ги прикажува новите Mac Pro и Pro Display XDR од секој можен агол. И Dan Riccio, виш потпретседател за хардвер инженерство во Apple, му се придружува на Ive во релаксирачката нарација.

Единственото прашање за мене е што навистина Apple сакаше да постигне со оригиналниот формат на сликата? Можеби сакале да го гледате ова видео на 3 поврани XDR дисплеи еден до друг? :)

 

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.