imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

DxOMark: Камерата на iPhone XS е една од најдобрите досега


Камерата на iPhone XS и iPhonea XS Max заседна на второто место според тестовите на познатата независна француска лабораторија. Јасно се гледа напредокот во однос на претходните модели.

DxOMark вчера ги објави резултатите од тестовите спроведени на камерата на iPhone XS Max. Инаку, DxOMark се смета за најдоверлив извор за тестирање на камерите на паметните телефони. Во оваа прилика снимија и анализираа повеќе од 1500 фотографии и два часа снимки, настаните во лабораториски услови и на отворено. А резултатите?

iPhone XS Max ја има една од најдобрите камери помеѓу паметните телефони.

Попрецизно, DxOMark му додели на iPhone XS Max 105 бодови, што е доволно за второто место. Само камерата на Huawei P20 Pro е подобра, со 109 бодови. iPhone X лани освои 97 бодови на истиот овој тест, па напредокот е очигледен. Ова е една од ретките години кога камерата на iPhone не заседна на првото место. Меѓутоа, технолошката индустрија е многу динамична и промените се неминовни, па секој успех е само привремен.

DxOMark ги пофали одличните функции на фотографиите и снимките настани во природно опкружување, високиот динамичен расон и врвните детали. Ја истакаа Smart HDR функцијата која помага во постигнување на “многу добра експозиција на субјектот и широк динамичен распон, како при силно осветлување, така и во затворени простори”. Видео функциите на камерата постигнаа 96 бодови, со коментар дека квалитетот на видеото е одличен при силно осветлување”.

Исто така, истакнаа колку камерата е подобрена во однос на минатогодишниот модел. Најинтересно е дека овие резултати се најверојатно постигнување на совртверските решенија и A12 процесорот, а не на хардверскиот дел на камерата.

iPhone XS Max Smart HDR
iPhone X Smart HDR

iPhone XS не успеа да го освои првото место поради ноќните снимки. Според DxOMark, поради послабото осветлување, шумот на фотографиите бил поголем отколку кај другите уреди од оваа категорија. Се на се, објаснувањето го заклучија во позитивен тон:

“новиот уред на Apple е идеален избор за сите мобилни фотографи”.

Сите детали од тестот можете да ги видите на страницата на DxOMark.

Напомена: Иако DxOMark го тестираше iPhone XS Max, неговата камера е потполно идентична со камерата на iPhone XS, па употребата на имињата на двата уреда во целост е намерна.

Извор: MacRumors

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.