imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Единаесеттата бета верзија на iOS 12 е издадена


Бета верзиите се вртат наоколу многу брзо. Ние останавме уште на две бета верзии до финалната. Системот станува се подобар и подобар со невидливи фини подесувања.

Иако iOS 12 софтверот беше наменет да биде со ажурирања од понизок профил на, тој содржи многу интересни нови функции. Како што е дополнителната моќност за постарите уреди. Исто така доаѓаат и нови AR функции, некои редизајнирани локални апликации, дигитални здравствени статистики, FaceTime надградби, групирани известувања или нови и напредни алгоритми на апликацијата Photos.

Системот во моментов е достапен како бета верзија, а официјалното издание се очекува да биде објавено на есен. До тогаш само програмерите и авантуристичките корисници би можеле да ги испробаат новите функции. Не заборавајте дека бета верзијата е сепак само бета верзија. Различни верзии може да имаат багови. Па поради тоа и не е препорачливо да го инсталирате на уред кој е за секојдневна употреба.

Ние сме во дефицит со нови функции. Денес ние дури и не можеме да откриеме некои видливи промени во најновата бета верзија. Но, дефинитивно сме сигурни дека некои фини подесувања под хаубата беа направени.

Мојот оптимизам вели дека системот со толку многу бета верзии и прочистувања може да биде претходник на нешто навистина добро. Предвидувањата се дека iOS 12 може да биде навистина совршен систем со извоставени помали и поголеми грешки, а сепак да остане во одлична стабилност.

Сепак и малку скептичен поради сеќавањето од претходната година кога бевме толку многу ентузијастички настроени, а можете да видите како се покажа … Овие повеќе beta верзии и невидливи промени може да значат дека системот не е сеуште подготвен и има многу работи што треба да се поправат пред официјално да биде пуштен.

Очигледно не можеме да знаеме кое сценарио е вистинско.

Можеме само да се надеваме на претходникот, бидејќи iOS 12 се покажа како постабилен систем уште од првата beta верзија. Сега немаме шанса да Ве почастиме со видеозапис за промените, но еве што содржат повеќето од 100 функции во сите iOS 12 beta верзии.

За среќа, оваа верзија е веќе достапна за секого кој е во beta програмата. Заедно со iOS 12 и друѓите оперативни системи беа надоградени и вреди да им дадете можност доколку и таму ги користете beta верзиите.

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.