imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Едноставно компресирајте PDF фајлови


Во случај често да креирате PDF фајлови во големи количини, кои исто така морате да ги проследите, оваа едноставна, но одлична апликација би можела да биде практична.

Сите кои го користат iWork софтверскиот пакет за уредување текст, креирање табели или презентации веројатно искусиле дека втората половина на светот, која се состои од лица кои не се корисници на Apple, всушност не знае што да направи со оригиналните фајл формати на Apple. И додека iWork сака да соработува со фајл форматите на Office, тоа за жал не функционира обратно. Покрај тоа, дури и ако корисниците можат да ги претворат форматите на Apple во оние компатибилни со Office форматот, изгледот на зададената содржина е обично изменет.

Обично, најдобро решение за овој проблем е стариот добар PDF. Ако примателот нема да го уредува документот, PDF е најдобра алтернатиува за зачувување на изворниот облик на дадената содржина. Но, сепак постојат неколку проблеми: ако вметнете фотографии, големината на PDF фајлот може прилично да порасне. Постои зададен метод за компресирање на PDF фајлови, за која пишувавме во претходен текст, но овој пат би сакале да ви покажеме поедноставно решение кое цели на искусните канцелариски службеници.

PDF Squeezer е многу едноставна апликација, која во основа е drag & drop платформа, каде што можете да повлечете PDF фајл, а ќе ви даде фајл со намалена големина. Баш како волшебна кутија. Она што оваа апликација ја прави малку посложена е тоа што ви се пружени многу опции за поставки, на пример, во поставките можете да изберете дали сакате да пишувате преку оригиналниот фајл или можете да му давате наставки на името на компресираниот фајл, можете да репродуцирате звук по компресирањето и така натаму.

Сето тоа, дури и со повеќе фајлови во исто време. Покрај тоа, за да изведете групна операција, не морате да тргнете во лов на фајлови во подфолдерите, бидејќи PDF Squeezer може автоматски да пронајде PDF фајлови во фолдерите.

Сепак, морате да имате на ум дека компресирањето работи со DPI вредностите на зададениот документ (dots per inch), па поради тоа во случај да ја изберете најголемата достапна опција, квалитетот на фотографиите кои се наоѓаат во документот може да биде полош. Пред компресирањето, земете ја во обзир намерата на користење, на пример ако сакате да испечатите книга, немојте да поставите низок DPI. За да ви помогне, софтверот покрај DPI вредноста, нагласува колкава компресија е потребна за избраната поставка.

Па, не тврдиме дека PDF Squeezer е апликација која им е потребна на сите, но на оние на кои вистински им е потребна, цената дефинитивно не е толку голема. Или, во случај да сте претплатени на Setapp, до апликацијаата можете да дојдете со еден клик на копчето за инсталација.

Преземете го PDF Squeezer од Mac App Store (5,99 долари)
Преземете го PDF Squeezer во Setapp (бесплатно за претплатници).

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.