imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

ELOH – Смирувачка музика во наградувано опкружување


Искрено, ретко пишувам рецензии за игри, бидејќи ретко и ги играм. Добро, еднаш годишно ќе ме фати треска, па три дена ја играм Candy Crush, но тоа е тоа. Меѓутоа, кога пишував текст за годинашните награди за дизајн на Apple, концептот на ELOH ми го промени мислењето.

За почеток, кратко резиме на играта:

ELOH е нова музичка сложувалка од екипата која го создаде и Old Man’s Journey, а која би требало да ви помогне да се опуштите и да најдете вистински ритам. Целта на играта е да се преместуваат блокови, со цел одбивачките топчиња да дојдат од точка A до точка B, а сето тоа со помош на ритам и удиралки. Пресложувањето на блоковите гради смирувачки ритам, кој целосно ќе ве смири. Прекрасно рачно изработените визуелни содржини, смирувачките анимации на земјената атмосфера и интуитивното управување со гестови придонесуваат за тоа ELOH да стане ваша приватна оаза на опуштање.

Да, можам да потврдам дека секој збор е на место. Мене ELOH лично ми се допадна, бидејќи не е традиционална игра на сложувалка со сите очекувани функции. Како резултат, играчите можат да уживаат во единствениот спој на смирувачка музика и прекрасни визуелни содржини.

Иако програмерите кои стојат зад оваа игра се Австријци, ELOH ме потсетува на Ацтеките и прашумите, посебно поради дртежите на животни и музиката. Играта нема позадинска музика во вистинска смисла на зборот, бидејќи всушност слушате различни звуци, како цвркотење на птици и некакво зуење. Уште повеќе, вие со својата игра сами ја создавате музиката.

Во играта, вистинските звуци ве насочуваат кон решението. Треба да пронајдете соодветен звук и соодветна цел. За тоа да го постигнете, на почеток можат да ви помогнат спиритуалните животни, но како што напредувате, добивате се повеќе нови елементи.

Спиритуалните животни се означени со икони со квадратен облик, и навистина се симпатични. Тие всушност редовно се менуваат поради одбивачките звуци. Првото такво животно е бело шимпанзо, додека второто е смеѓо. Првото изгледа малку смешно, додека смеѓиот партнер оддава впечаток на зен.

Освен визуелните содржини, програмерите се посветиле и на звуците, кои совршено им одговараат на различните животни. Додека звукот поврзан со белото шимпанзо е тапан во висок тоналитет, смеѓото шимпанзо има ммногу подлабок звук. Секако, сето тоа има улога да ви помогне да најдете решение. Кога ќе успеете да сложите совршена звучна линија, чувствувате дека тоа е идеално решение. Се делува така природно.

Впечатокот која го остава оваа игра на вас е целосно поинаков од било која игра од овој тип. Нема временско ограничување, нема стресни ситуации и слично. Играта е така смирена што не можете да пронајдете зен додека ја играте. За среќа, управувањето е целосно интуитивно – само треба да ги поместувате животните во правците кои ги сметате најдобри.

Додека играте ELOH, ќе уживате во врвото искуство на играње. Навистина не ме чуди што токму оваа игра ја освои Apple наградата за најдобар дизајн. За сето тоа не ми е ни најмалку жал да издвојам 3 долари.

Преземете ја ELOH од App Store (iPhone, iPad, 2,99 долари)

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.