imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Еве го првиот филм снимен со iPhone XS Max


Wired вработи режисер за снимање на филм со iPhone XS Max, без никакви дополнителни уреди, осветлување и ефекти. Еве го резултатот…

Можеби е претерано да се употребува изразот „филм“ кога зборуваме за краткото видео Somewhere, на режисерот Jon M. Chu. Инаку, се работи за признат режисер познат по филмовите Crazy Rich Asian и Now You See Me. Со други зборови, овој човек има големо искуство во режисерската фотелја.

Нема да влегуваме во деталите на овој краток филм – најдобро е сами да го погледнете, бидејќи трае околу 2 минути. Поважен е фактот дека Chu се снимаше во 4K, и сите сцени ги прикажа без употреба на дополнително осветлување и класична опрема за снимање. Дури не употребуваше ни стабилизатор на сликата, туку самиот го држеше смартфонот во раце. Исто така, имајте на ум дека сето ова се само ноќни сцени.

Chu е многу задоволен од iPhoneo XS Max, првенствено поради неговиот вграден стабилизатор и корекцијата на боите. Исто така, вели дека сигурно ќе го замени својот iPhone X со овој нов модел. Додаде дека уредот толку убаво му лежи во така, што не ни забележал дека се работи за Plus модел.

Во видеото можете да го видите танчерот Luigi Rosadо.

Извор: WIRED

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.