imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Еволуцијата на Retina MacBook Pro


Неодамна претставените модели на MacBoo Pro 2018 ја следат традицијата започната во 2012. година. Да погледнеме што се промени во последните шест години и како оваа серија се развиваше.

Иако технологијата на Retina дисплеј e претставена уште во 2010. година со iPhone 4, имплементирана е во MacBook уредите во 2012. година. При нејзиното претставување на WWDC, Phil Schiller го пофали новиот екран како исклучително тенок и квалитетен. Овие два фактора се подобруваа со време, а екранот доживеа целосна трансформација во 2016. година. Меѓутоа, приказната за развојот на овој компјутер има многу поглавја.

Со оглед на тоа дека текот на развојот не беше посебно спектакуларен, ќе ја споредиме најновата верзија од 2018. со првиот Retina MacBook Pro (15-инчните модели) за да видиме што е се променето во шест години.

Екран

Да почнеме со Retina екранот, според кој целата серија го доби и името. Не е тајна дека двата Retina MacBook Pro модели имаат Retina екрани. Дури ни резолуцијата (2880 x 1880 px) и густината на пиксели (220 ppi) не се променија. Меѓутоа, светлината на екранот порасна од 300 нита на 500, што е осетна разлика. А тука е и најновата функција, технологијата True Tone.

Освен тоа, благодарение на бројните подесувања и надградби, ако ги ставите екраните на двата модела еден покрај друг, јасно ќе ја видите разликата. Првенствено затоа што 1 GB меморија, NVIDIA GeForce GT 650M и Intel HD Graphics 4000 на моделот од 2012. се заменети со Intel UHD Graphics 630 Radeon Pro 555X (или 560X) и со 4 GB меморија.

Процесор

Првиот модел е претставен со 4-јадрен Intel Core i7 процесор од 2,7 GHz, кој работеше на максимум од 3,7 GHz, благодарение на Turbo Boost. Новиот модел го задржува i7 процесорот на 2,6 GHz clock speed со шест јадра и максимална брзина од 4,3 GHz, повторно благодарение на Turbo Boost. Моделот со 6-јадрен Intel Core i9, со 2,9 GHz брзина (4,8 GHz максимум) очигледно е сосема ново ниво, барем во споредба со постарите модели.

Само што го прославивме 50. роденден на Intel. Според гласините, овој производител на процесори го очекуваат тешки времиња, посебно ако Apple се охрабри да го направи оној луд потег и да премине на сопствени процесори за Mac компјутерите.

Батерија

Првиот Retina MacBook Pro вети седум часа работа на задачите на пребарувања, благодарение на вградената батерија од 95 Wh. Тој капацитет во најновите модели е намален на 83,6 Wh, но нормалното време за пребарување порасна на десет часа. Во теорија,  тоа звучи одлично, но се плашиме дека Apple порано беше многу поискрен кога се во прашање бројките.

Никогаш не сме виделе MacBook да работи десет часа, но, од друга страна, не можеме да кажеме ништо лошо за неговата батерија. Сепак, не е случајност дека Apple го отстрани податокот за состојбата на батеријата од лентата на менито. Не се сомневаме дека имало некои унапредувања и на тоа подрачје, дури и ако не биле толку спектакуларни како во случајот на процесорите.

Димензии

Неуморниот Jony Ive со секира ги отстрануваше сантиметрите од MacBook. Тежината на 15-инчните модели падна од 2,02 кг на 1,83 кг, а од почетната дебелина од 1,8 цм стигнавме на 1,55 см. Но, најважната промена е стенчување на рамките, што значајно влијаеше на вкупната големина.

Конектори

Добро, ова е болна тема, но не можеме да ја прекокнеме. Компјутерот од 2012. имаше:

  • Magsafe 2 влез за полнење,
  • два Thunderbolt влеза,
  • HDMI влез,
  • два 5 GB 3.0 USB-A влеза и
  • читач на SD картички

Неговиот помлад брат од 2018. има дури четири Thunderbolt влезови и три USB-C влезови. Тоа е се. Иако сите тие можат да служат за полнење и имаат брзина на пренос на податоци до 40 GB/s, ќе биде потребно време да се навикнеме на тоа.

Звук

Во случај на звукот, немаше посебни промени, но разликата јасно се слуша. Како и пред шест години, новиот модел има два стерео звучника. Меѓутоа, сабвуферот на новите уреди е променет во звучник со поголема тонска височина, што звукот го прави многу подобар. Ни микрофонот не помина низ некои поголеми промени, само што бројот им порасна од две парчиња на три. Фала им на небесата, 3,5-милиметарскиот влез и натаму е со нас, само прашање е уште колку долго ќе преживее…

Додатоци

Не смееме да заборавиме на бројните додатоци, поради кои актуелниот модел е многу попаметен од оној од 2012. Само сетете се на неодамна претставената „Hey Siri“ наредба, Bluetooth 5.0, предностите на T2 чипот и Touch Bar, и скенерот за отпечатоци од прсти.

Дали треба да го заменам уредот со понов?

Како во случајот на iPhone, MacBook уредите се прочуени по својата издрживост. Дури и кога зборуваме за шест години стар лаптоп, нема да го заобиколи новиот OS, мacOS Mojave. А кога се во прашање перформансите, сите задачи кои не бараат брутална сила, лесно можат да се одработат на Retina MacBook Pro 2012. Сепак, овој компјутер се приближува до пензионирање, софтверската поддршка порано или подоцна ќе биде повлечена, а сервисите нема да можат да го прифатат поради недостаток на резервни делови.

Ако размислувате за купување на нов уред, земете во предвид неколку работи. Од една страна, последниот уред со истиот дизајн беше MacBook Pro 2015. Тоа се најновите компјутери кои ги имаат сите конектори и старата тастатура, со светлечкото Apple лого од задната страна. Ако не се подготвени за најновиот дизајн на кој му недостасуваат бројните конектори, ви советуваме да го купите овој модел од 2015. година, сигурно добро ќе ви служи повеќе години.

Ако пак го сакате новиот дизајн, работите се малку посложени. Ние сметаме дека не е најпаметен потег да се премине од моделот од 2016. на оној од 2017., бидејќи промените вклучуваат само ситни површински подобрувања. Моделот од 2018. е многу подобар избор, бидејќи помина значајна надградба. На пример, помоќниот 13-инчен модел на MacBookPro 2018 без проблеми го надминува основниот 15-инчен модел од 2016. Ако не се плашите од преминот на помалиот модел и сакате да почувствувате подобрување во перформансите, размислите за купување на тој уред.

Ако сакате да го замените постариот уред, ви препорачуваме било кој од годинашните модели. Исто така, ако цената ви е проблематична, можете да ги пронајдете Touch Bar моделите од 2017. по поповолни услови. Изборот е на вас, а опциите се бројни – било да сте љубител на традиционалните модели, или пак оние најновите.

 

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.