imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

F1 2016 – екстремно реална игра со тркање со коли за Mac


Немаше добра F1 игра за Mac со години, но сега Feral Interactive целосно надополни за долгото чекање со нивната одлична и реална игра. А, има некои што велат дека нема добри игри за Mac …

Името на девелоперот на игри и објавувачот Feral Interactive може да звучи познато на оние кои сакаат да играат посериозни игри на macOS или на Linux. Овој тим на девелопери ја направија одличната игра Total War, а најновото продолжение Warhammer стана достапно и на App Store. Во денешната статија, ќе ја разгледаме играта F1 2016 која е релативно нова; објавена е на App Store во Април 2017-та.

01_f12016_incredibly_lifelike_game_for_mac

Не само што е објавена неодамна, туку и затоа што се потпира на Metal framework-от претставен со El Capitan, што служи за зголемување на графичките перформанси. Тимот успеа, не сте сретнале игра за Mac со подобар стандард од оваа игра.

F1 2016 ги има најновите фотореалистичи ефекти на рендерирање, како што се динамички чад, трева и коса, како и најглаткиот anti-aliasing. Metal прави поефикасно да се користат процесорот и графичката картичка отколку што беше претходно, така што F1 2016 работи на голем дел од Mac-овите

Ако мораме да бидеме искрени, никогаш не сме биле љубители на Formula 1 игри. Гледањето на трки со коли не било на нашиот распоред, а единствениот возач што го знаеме е Михаел Шумахер (му посакуваме брзо закрепнување). Покрај тој факт, играта не вовлече за неколку секунди. Најверојатно, најдобро е да Ви го покажеме официјалното видео од играта, па да видите за што станува збор:

Според ова, играта доби многу позитивни критики, над 85% на Steam и на Metacritic. Но, што ја прави оваа игра толку добра? Ние мислиме дека е поради екстремно реалната атмосфера. Дождот паѓа надолу по стазата, сончевите зраци се одбиваат од асфалтот, моторите брмчат, а Вие мислите дека сте во тој свет и дека се зависи од Вас. Се ова е надополнето со говор на коментатор. Тимот ја дискутира анализата околу Вас додека Вие седите во автомобилот, ТВ репортерите ја вперуваат камерата кон Вас итн итн. Очигледно е колку развојниот тим обрнал внимание во креирањето на играта, само за да ни дадат реалистично искуство. Иако не сме премногу запознаени со овој спорт, мислиме дека никој не може да го искуси спортот подобро од играњето на оваа игра.

02_f12016_incredibly_lifelike_game_for_mac

Ова искуство е дури подобрено со избирањето на различни режими на игра. На оние кои се љубители на мото спортот, ќе им се допадне Carrier режимот на игра. Слоганот на овој режим е: “Исковај го патот до славата и стани шампион”. Точно се доловува искуството. Го избирате сами името, се запознавате со агентот и со инжинерот и можете да започнете. Инжинерот ќе Ви помогне со развојот и ќе сфатите наскоро дека најмалите промени може да влијаат на исходот на трката. Вашиот агент ќе Ви даде насоки каде да се движи Вашиот тим, дали да го смените Вашиот договор, или не и некои слични работи. Ако го послушате агентот, до крајот на десетата сезона ќе се чувствувате како Легенда.

Играта има и други возбудливи одлики, освен Carrier режимот. Можете да се тркате со други играчи на мрежа, да бидете дел од квалификациите, или пак да извозите кратки трки или целосни во шампионат. Се ова се случува на многу различни стази за трки, што се направени според вистински локации, со вистински тимови и вистински возачи. Со еден збор, целата игра е многу реалистична и ова е еден од најдобрите атрибути на оваа игра покрај одличната графика.

03_f12016_incredibly_lifelike_game_for_mac

Тешко е да се напише било што друго за оваа игра, едноставно мора да ја пробате. Ниту видеа од играњето на играта нема да го доловат адреналинот и чувството додека ја играте играта. Оваа игра е повеќе симулатор, отколку што е некоја едноставна забавна игра, едноставно го чувствувате стресот на возењето. Ова е уште една причина поради која ја цениме работата на Feral Interactive.

Со сето срце ја препорачуваме F1 2016 на љубителите на овој спорт, тие се едни кои најверојатно најмногу ќе уживаат играјќи ја оваа игра. Во исто време, дури и оние кои едноставно сакаат да играат висококвалитетни игри за Mac треба да ја пробаат. Ве предупредуваме, играта има високи хардверски побарувања. Ќе Ви треба 2.8GHz петта генерација на Intel процесор, 8GB RAM и 2GB nVidia 680, AMD R9 280M или Intel Iris 540 графичка картичка, или пак некои појаки од наведените. Исто така и 30GB слободен простор.

Можеби F1 2016 не е најевтината игра на App Store со цена од 49.99 евра, но сигурно е една од најдобрите.

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!