imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Face ID би можел да биде надграден следната година


Што? Но само што се појави! Да, Apple почна да работи на нова, поразвиена верзија. Брзината е суштинска работа во технологијата на препознавање на лицето и 3D камерите.

Ming-Chi Kuo објави нов извештај за инвеститорите во кој пишува за идните планови на Apple. Овој пат, акцентот е ставен на поразвиената верзија на Face ID, која дури би можела да биде претставена на новите iPhone уреди во 2019. година.

Наизглед, нема многу работи кои би можеле понатаму да бидат развиени на Face ID: во поголем дел од случаите, тој го прави она што би требало без проблем и тепко се забележува дека се одвива било ккаов вид на автентикација додека го отклучувате вашиот телефон. Меѓутоа, Apple верува дека и натаму има место за подобрување, а компанијата наводно работи на понатамошна подобрена верзија.

Според зборовите на Kuo, тоа би изгледало вака: во сензорот би ставиле посилни VCSEL диоди, а тоа би го намалило влијанието на невидливите светла од околината, како инфрацрвената врева. Па, мораме да признаеме дека немаше многу проблеми со моментниот облик на автентикација, барем што се однесува до безбедноста. Меѓутоа, побарувачката би била поголема за Face ID кој работи во два правци, иако Kuo не се повика на тоа.

Наместо тоа, вниманието му го посвети на повозбудливиот потенцијален развој, кој според неговите зборови има шанса од 50 проценти да биде ставен во iPad уредите до крајот на 2019. и почетокот на 2020. година, а во текот на 2020. година би можел да биде вклучен дури и во iPhone. Се работи за Time of Flight (ToF) 3D камера.

ToF камерата би им овозможувала на уредите да создадат 3D модел на своето опкружување. Слично на начинот на кој Face ID создава модел на лицето, меѓутоа не би бил ограничен само на корисникот, бидејќи би било вклучено и опкружувањето. Претпоставка е дека иновацијата би требало најпрвин да стигне на iPad уредите, што не е случајност: овие 3D фотографии би можеле да се уредат со Apple Pencil, откако ќе бидат снимени.

Не треба ни да се каже дека со овој развој би можеле да влезат во длабочините на AR можностите. Посебно ако земеме во обзир дека, според зборовите на Gurman, AR очилата би требало да бидат претставени во ова време, а во истиот период се очекува и пристигнувањето на првиот 5G iPhone. Kuo верува дека комбинацијата од сето тоа, надополнета со многу подобра Apple Maps апликација, би можела да биде одлично оправдување за трудот кој Apple го вложува во проширената реалност.

Извор: MacRumors

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.