imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Facebook Messenger стана неверојатно подобар


Никогаш не мислев дека ќе дојде овој момент, но гласините се вистинити: прв пат во историјата, Facebook Messenger е надграден со корисни функции.

Неодамна ми се случи нешто чудно. Се возев низ град и го користев Messenger со пријателите кои се уште немаат iMessages. Се беше нормално. Добив порака и тргнав да пишувам одговор. И тогаш се случи тоа.

Facebook Messenger, кој беше бесмислно бавен, одеднаш беше излечен.

Навистина, погледнете:

Гледате, многу е поедноставен и потранспарентен, со задоволувачки, минималистички дизајн, со само три опции на дното. Исчезнаа нападната камера и копчето за нова порака, па веднаш и апликацијата стана побрза. Нема повеќе ни повлекување за добивање на оние здодевни светлечки ефекти. Дури и рекламите исчезнна. Можете дури и целосно да ја стивнете апликацијата, доколку повеќе го сакате само режимот на вибрации. Веднаш ми потекоа солзи.

Она што малку ме растажи е тоа што се испостави дека не сум јас оној избраниот. Новиот изглед беше најавен на F8 конференцијата во мај, но до самата промена дојде дури на почетокот на септември. Во редакцијата забележавме дека секој од нас се уште не го добил ажурираниот изглед, така што бидете трпеливи, подарокот на Facebook наскоро ќе пристигне и кај вас.

Бидејќи, дефинитивно зборуваме за свет подарок.

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.