Камерите вклучени во iPhone уредите секогаш биле со врвен квалитет. А неодамнешната надградба на технологијата ги направи способни за снимање на неверојатни фотографии. Покрај фотографирањето, исто така можете да креирате кратки видео инсерти, за што ви е потребна соодветна апликација. Со FiLMiC Pro можете да ги подигнете перформансите на вашата камера на следно ниво.
Сегашните опции на камерата и она што ни го пружаат iPhone уредите се прилични неверојатни. Не е изненадувачки што iPhone не е само играчка за фотографите аматери, туку е совршено корисен и за професионална употреба.

Сега ќе ви ја претставиме една од најпопуларните апликации за камера на App Store: FiLMiC Pro.
Еве ги само неколкуте најдобри функции:
- Три начини на снимање: Стандарден, рачен и хибриден.
- Вертикален и хоризонтален начин на работа.
- Зумирање со променлива брзина.
- Прилагодливо time-lapse снимање.
- Можност на прилагодување на поставките на видеата во текот на снимањето.
- Стабилизација на сликата.
- Големи брзини на рамките од 60, 120 или 240 fps, зависно од уредот.
- Поддршка за хардвер од трета страна: нпр. DJI OSMO Mobile.
А тоа се само некои од многубројните функции на листата. Освен прилагодливите лични поставки, корекциите на боите и останатото, таа содржи мноштво опции кои вашиот iPhone би можеле да го направат достапен за професионална употреба.

Не е баш најевтина апликација. Преземањето ќе ве чини 14.99 долари, но ако ви е потребна апликација како оваа, брзо ќе го вратите вложеното.
Како ви се допаѓа, користите ли нешто слично.
Преземете ја FiLMiC Pro од App Store (iPhone, iPad – 14.99 долари)