imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Филмски режисер тврди дека iPhone фотографијата всушност не е фотографија


Режисерот Wim Wenders наведе три причини кои го докажуваат неговиот аргумент. Дали се согласувате со него?

Wim Wenders е 72-годишен признат германски режисер. Неговите филмови неколку пати се номинирани за Оскар, а да не споменуваме дека во текот на својата кариера заработи неколку награди, како онаа од Кан, наградата BAFTA и Златната мечка на Интернационалениот филмски фестивал во Берлин.

Меѓутоа, Wim Wenders неодамна за BBC го изјави следното:

iPhone фотографијата всушност не е фотографија.

Режисерот наведе три причини кои ги поткрепуваат неговиот аргумент – па да погледнеме кои се:

  • Проблемот со фотографиите кои настануваат на iPhone е тој дека никој не ги гледа откако ќе бидат сликани. Дури и оние кои ја направиле фотографијата, а таа не се ни испечатува.
  • Колку помалку можности имате, толку покреативно треба да станете. Меѓутоа, да се претвори секоја слика во нејзината спротивност, можеби не е знак на креативност.
  • Фотографијата е изворно изумена како повистинито сведоштво на нашиот свет од слики. Фотографијата повеќе не се поврзува со поимот на вистина.

Лично, не можам да се сложам со Wenders околу ова прашање, но дефинитивно има нешто вистина во тоа што го зборува. На фактот дека никој не ги гледа фотографиите настанати на iPhone можеме да му противречиме до одредена мерка – доволно е да се провери Facebook или Instagram и имате прилика да видите милиони фотографии кои се снимени со iPhone.

Секако, факт е дека многу од тие фотографии кои се направени со iPhone остануваат на телефонот и никогаш не завршуваат на другите платформи, но тоа е воглавно благодарение на што денес можеме да снимиме бесконечен број фотографии без никаков надомест и не мораме да бираме скапи постапки. Наместо концептот на квалитет, преовладува количината, меѓутоа фотографиите сепак можат да се видат.

Фактот дека применувањето на филтер на дигитална фотографија не бара голема креативност е исто така вистинит. Без чувство за убавина, фотографијата нема да биде добра, а фотографот кој сака да биде добар и натаму треба да има добро чувство за креативност. Можно е да се направи дигитална фотографија со аналогна камера. Филтрите немаат никаква врска со ова. Всушност: не бара ли фотографирањето со камера помала креативност од сликањето? Значи ли тоа дека фотографијата ја убива креативноста?

На крајот, фактот дека гранката на уметноста се преобразува, и дека нејзините цели се менуваат – не значи дека таа ќе избледне и ќе ја загуни нејзината есенција. Денешната фотографија не е она што беше претходно? Тоа е можно. И? Ниедна гранка од уметноста денес не значи она што значела пред 3000 години. Меѓутоа, нивната основа не е загубена.

Сепак, тоа е само мое мислење; можеби меѓу вас има и такви кои се сложуваат со режисерот. Поделете го вашето мислење со нас во коментарите.

Извор: 9to5Mac

Ако се сомневате дека е можно да се создадат креативни фотографии со iPhone кои им се вредни дури и на фотографите, би требало да ги проверите наградените дела на годинашните награди за iPhone фотографија.

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.