imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Flume – Совршен Instagram клиент за Mac


Ако веќе долго трагате по добра Instagram апликација за вашиот Mac, која ги познава сите одлични мобилни функции, тогаш дефинитивно ја пронајдовме најдобрата за вас!

Instagram е моментно една од најбро развивачките и растечки социјални платформи, која веќе успеа да ја освои и нашата земја. Денес, Instagram од едноставна платформа за споделување фотографии се прошири и стана маркетиншка алатка број еден, и исто така е корисна за испраќање на приватни пораки, фотографии и видеозаписи. Единствен проблем е тоа што е достапна само на паметните телефони.

Зошто е тоа проблем? Се повеќе и повеќе корисници ја користат токму услугата на Instagram за испраќање пораки наместо Messenger или Viber, поради што корисниците мораат да пишуваат на телефон наместо да праќаат пораки преку компјутер. Покрај тоа, користењето на мобилни апликации за деловни цели можеби нема да биде практично, посебно ако постојано морате да се префрлате помеѓу деловниот и приватниот профил.

Flume е совршен за сето тоа, а со својот единствен изглед се покажа како совршен Instagram клиент за мене. При отворање на апликацијата, соочени сте со малку неконвенционална платформа, наместо со feed на кој се наоѓаат фотографии, но секако, ќе ги пронајдете сите вообичаени копчиња.

Исто така, можете да испраќате и примате пораки, да пишувате коментари и да го уредите својот профил, така што ви се достапни сите оние функции кои не можете да ги имате на веб-платформата на Instagram. Со Pro верзијата можете да управувате со неколку сметки во исто време, а покрај тоа, Flume ви овозможува и вчитување на фотографии од вашиот Mac. Навистина ни се допадна, а и вие би требало да го испробате!

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.