imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Game Dev Tycoon за iOS – изградете го најдоброто програмерско студио на светот


Откако ги освои компјутерските платформи, кон крајот на минатата година, за iOS беше објавена првата игра на малата екипа програмери Greenheart. Ја тестиравме Game Dev Tycoon на iPhone.

Многу ја играв Football Manager. На крајот се испостави дека нејзините програмери имале подобри системи и попрецизни информации отколку мрежите на најголемите фудбалски тимови на светот.

Во оваа игра, пак, нема ѕвезди: Game Dev Tycoon се занимава со помало програмерско студио, вусшност подрумска компанија која настои да се бори со водечките имиња во индустријата. Сепак, не се работи за типична подрумска фирма, бидејќи членовите на оваа екипа работат низ светот и даваат се од себе да придонесат за проектот. Нема да ве зачуди дека дејствието е сместено во 21. век. Да погледнеме каква е оваа игра!

Дејствието почнува во 1980-те, пред ширењето и популарноста на персоналните компјутери. Осамениот програмер работи на својата компјутерска игра. Во оваа фаза играта е едноставна, бидејќи вашите средства и можносто се прилично ограничени. Можете да избирате помеѓу само неколкуте опции врзано со играта и темата.

Можете да програмирате за две платформи: Commodore 64 i PC, со минијатурен удел на пазарот. Претпоставувам дека нема да откријам премногу кога ќе кажам дека втората опција е многу подобар избор, бидејќи оваа платформа всушност и ќе заживее. Додека вие развивате основни апликации, хардверската екипа создава се понови платформи со кои имате дозвола да соработувате.

Играта се чини прилично едноставна – треба да постигнете рамнотежа помеѓу графиката, приказните и сите други елементи за да создадете успешна игра. Вашата довршена работа ја оценуваат новинари и влијателни личности во индустријата (баш како и во реалниот свет), а успехот на играта зависи од нивното мислење. Не е лесно да се задоволат и доволна е само една погрешна одлука, па вашата компанија да банкротира.

Како напредувате низ играта, на располагање ќе имате се повеќе алати. Важно е малку да ги истражите постоечките игри; да видите кои комбинации поминуваат, а кои не; кого треба да вработите, а кого да прескокнете. Баш како и во вистинскиот живот.

Исто така,  морате да ја чувате енергијата на своите вработени и паметно да ги искористите нивните вештини. Морате и да ги подучувате и поттикнувате да работат на сопствениот развој. Во случај на пропаднати проекти, може да се случи компанијата да треба да прифати дополнителни работи за да избегне банкрот.

Управувањето со парите е многу важна работа. Би можеле да завршите во проблеми ако премногу трошите на реклами, ако учествувате на голем број саеми, а посебно ако вашите игри не остваруваат голема заработувачка. Да повториме, неколку погрешни потези и играта е завршена.

Секако, тука се и банките кои ќе ви понудат заеми со високи каматни стапки. Ако не сте подготвени редовно да ги плаќате ратите, вашето студи ќе го купи некоја поголема компанија и тоа за ситниш. Потоа пред вас ќе бидат само две можности: можете да почнете нова игра или да се вратите на некое претходно ниво, па да пробате поинаку да ги одиграте картите.

Game Dev Tycoon е преполн со потези кои се темелат на односот на акција и реакција – се работи за низа одлуки кои можат да имаат позитивно или негативно влијание на крајниот исход на играта. Дали е подобро да се развие средна игра со која ќе остварите лесен прилив на пари или ќе зачекорите на патеката на иновацијата, ќе ги намалите маркетиншките трошоци, ќе вложите се во истражувањето и развојот и ќе се охрабрите да ризикувате?

Играта ќе ви ги пружи сите одговори додека го следите развојот во светот на технологијата. Тука се и раѓањето на Gameboy, PlayStation 2 и Xbox 360. Ако сакате игри кои го симулирате вистинскиот свет и во кои се зависи од вашите одлуки, Game Dev Tycoon е идеален избор за вас,

Преземете ја Game Dev Tycoon во App Store (универзална, 4,99 долари)

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!