imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Gemini 2 – Заборавете на дупликати!


Со копија на истите фајлови можете да потрошите многу гигабајти во складирањето на вашиот компјутер и со тоа непотребно да го забавите. Ќе ви покажеме апликација со која можете на тоа да му ставите крај прилично едноставно!

Неретко сум неуреден кога работам, и ако е потребно, ќе го преземам истиот документ неколку пати. Кога се работи за неколку мегабајти, тоа и не е таква трагедија, но може да настане проблем кога се работи за поголеми големини. Gemini ви помага да ги решите таквите проблеми. Апликацијата го скенира вашиот диск и ги анализира вашите фајлови. Исто така, прави листа на сите дупликати, а вие можете да одлучите дали апликацијата навистина ги воочила непотребните податоци.

Апликацијата работи исклучително брзо, со релативно малку грешки, но секако, постојат фајлови за кои апликацијата навистина не може да одлучи дали се дупликати или не. Меѓутоа, во 90 проценти од случаите работи прецизно. Се што треба да направите е да испуштите фајл или фолдер и да притиснете копче за скенирање. Во случај апликацијата да пронашла дупликати, можете да го проверите патот, големината и датумот на секој фајл.

Значи, накратко, сите значајни податоци. Ако сте завршиле со скенирање на дупликатите, се што треба да направите е да ги отстраните непотребните ставки. Навистина уживавме во оваа апликација, така што и вам би ви советувале да ја испробате и да го поделите вашето мислење со нас во коментарите!

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.