imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Го имаме датумот на годинашниот WWDC!


Сепак, не се работи за официјална најава, но информациите за толку голем настан не можат долго да се кријат…

Новинарите од страницата MacRumors успеаја да го откријат датумот на годинашната конференција за програмери на Apple, WWDC. Но, немаа повеќе да одолговлекуваме – отворете ги календарите и забележете ги деновите помеѓу

3. и 7. јуни 2019.

Како и претxодните две години, настанот ќе се одржи во Сан Хозе во Калифорнија, vo salata McEnery Convention Center. Датумот посебно не не изненади, бидејќи уште од 2007. година, WWDC се одржува на почетокот на јуни.

Меѓутоа, интересно е како екипата од MacRumors успеа да го открие датумот еден месец пред официјалната најава. Имено, ги провериле резервациите за јуни во салата McEnery и така ја ограничиле потрагата: се испостави дека во втората недела на јуни таму ќе се одржува конефернцијата O’Reilly Velocity, а во четвртиот Sensors Expo. А тоа нема врска со Apple.

Значи, остануваат само првата и третата недела. Потоа се сетија дека постои и WWDC Bash (голема забава) која се одржува во паркот Discovery Meadow во истиот град, и дека исто така е потребно да се изврши резервација. Копајќи понатаму, го открија следниот детал:

6. јуни | Discovery Meadow Park | Team San José | www.apple.com

Иако Apple внимателно ги скри своите траги, знаеме во која недела ќе се одржи тој настан и кога ќе биде претставен iOS 12. Се надеваме дека не се работи за лажна трага…

Извор: MacRumors

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.