imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Голем тест на брзината на Apple Watch: Битка на сите серии


Колку брза може да биде четвртата генерација во споредба со третата? Серијата 0 е навистина толку бавна? Сега ќе добиете одговори на сите ваши прашања!

Многу е важно во случајот на iPhone уредите, од година во година да се здобијат со нови и посилни процесори со цел да станат издржливи и супер брзи, како и да можат да добијат нови функции.

Сепак, Apple Watch вобичаено не го сметаме како уред кој бара голем капацитет за пресметување. Користиме релативно малку и релативно едноставни апликации на уредот и мора да признаеме дека управувањето со известувањата, слушањето музика и активностите за следење не се такви задачи што бараат голем напор.

Сепак, перформансите на процесорот се навистина важни и ништо не може тоа подобро да го докаже од следното видео, во кое сите генерации на Apple Watch се натпреваруваат едни против други во рамки на тестот за брзина.

Без изненадување, Apple Watch S4 стана победник, и тоа со право требаше да се очекува, бидејќи наместо 32-битна архитектура, уредот прв пат во историјата доби 64-битна верзија под хаубата. Според Apple, најновата верзија стана двојно побрзо од претходната S3, но врз основа на видеото, во повеќето задачи, разликата во брзината не е толку очигледна.

Како и што се сомневавме, првата генерација сега е прилично бавна во споредба со поновите генерации, и додека беа потребни само 40 секунди за да се вклучи новиот Apple Watch, беа потребни дури 5 минути за Серија 0. Сепак, Серија 1 и Серија 2 се уште се прилично брзи (можеме да ги најдеме истите dual-core процесори во двата уреди), иако отворањето на апликациите не беше толку брзо како во случајот на поновите генерации.

Се на се, можеме да кажеме дека зголемувањето на перформансите не е причина за префрлање од Серија 3 на Серија 4, но во случај да користите било кој од претходните модели и ви пречи нивната брзина, треба да се префрлите на една од поновите генерации.

Извор: MacRumors

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.