imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Google создава Android iPhone


Google моментално е единствената компанија која може самата да направи телефон како iPhone-от, и изгледа дека ќе проба тоа да го направи. Зошто тоа е добро? Зошто iPhone е различен од останатите телефони? Што е со останатите производители? Во оваа статија ќе пробаме да побараме одговори на овие прашања.

Можевме да ја предвидиме намерата на џинот за пребарување за создавање на производ сличен на iPhone-от откако се појавија гласините за Google Pixel во вестите минатата година. Телефон кој би бил дизајниран и произведен комплетно од страна на самата компанија, од првите делови на софтвер, па се до последното шрафче. Телефон за кој би зборувале за хардвер и софтвер како една целина, а не како два одвоени дела, баш како што е случај со iPhone уредите.

Chief Executive Officer of Apple, Steve

Apple навистина ја сфати филозофијата која Steve Jobs ја повторуваше толку многу пати: мораме сами да изградиме цел производ. Колку пати само беше во право! Меѓутоа, поради избегнување на недоразбирања, мораме да нагласиме дека Appel не го поизведува секој дел од телефонот, а исто така не го ни склопуваат. Ова што Apple го прави е координација на секој чекор од тој процес: ставаат хардвер во уред кој самите го имаат дизајнирано и го оптимизираат софтверот како би го надополнил хардверот за креирање на најдобро корисничко искуство.

Дизајнирано од страна на Apple во Калифорнија. Склопувано во Кина.”

02_google_creating_an_android_iphone

Apple склучи многу добри договори со своите добавувачи, а исто така направи и конкуренција помеѓу нив, што за возврат ги намали цените. Бараа најдобри партнери за монтажа, за да би можеле да добијат повеќе пари покрај тоа. Во меѓувреме, стотици милиони луѓе купуваат iPhone уреди, затоа што овој телефон е прилично пријателски уред. Прашањеро е, што го прави користењето на овој уред толку лесно, и како го имаат постигнато ова ниво на корисничко искуство.

Тие мислат како целина.

Никој друг тоа не го прави освен тие. Никој друг не прави хардвер и софтвер на едно место. Најдолемиот конкурент на Apple е Samsung и мислевме дека Galaxy S8 е навистина добар уред, се додека не добивме шанса да го испробаме. Магијата исчезна моментално. Без оглед на тоа колку “wall-to-wall” екранот е одличен, или дополнителните функции кои најверојатно никогаш не би ги користеле, бевме прилично разочарани после неколку секунди. Не ја чувствувавме таа удобност како кога би го користеле iPhone-от и тоа не само што сме iPhone евангелисти, туку затоа што целиот состав е на парчиња и не создава целина.

03_google_creating_an_android_iphone

Google започна нешто во патувањето во есен прошлата година кога го претставија Google Pixel под слоганот #MadeByGoogle. Pixel уште од почетокот беше сосема различен од Nexus семејството кој беше секогаш со логото на другиот произведувач. Секако, дури и тогаш не знаевме дека HTC го прави уредот, но Google размислил подлабоко за тоа како може да се постигне краен производ сличен на iPhone, во поглед на бизнис и корисничко искуство.

Постојат два многу важни аспекти во оваа игра: процесор и добавувачи. Нема потреба да влегуваме во детали во поглед на процесорот. Apple секоја година создава свои чипови “A” серија со кои може да го контролира темпото на развој на телефони. Од друга страна, само погледнете што се случи со новите MacBook компјутери. Претставија нови MacBook Pro прошлата есен, а сите беа прилично разочарани бидејќи немаа најнови Intel процесори, кој во тој момент не беа достапни, а 6-тата генерација на процесори веќе подолго време беше достапна на пазарот.

04_google_creating_an_android_iphone

Кога Apple би си допуштил да стави процесори на Samsung или на Qualcomm во своите телефони, не би можел да го создаде истиот систем кој е во ред со користење на 2 јадра истовремено во iPhone 7. Ни би можеле да го контролираат проблемот со прегревање и би морале да направат компромици во одредени делови од телефонот. Затоа Apple секогаш е чекор пред останатите компании, затоа што тие самите знаат што е најдобро за нив и што точно им е потребно.

Многу говори фактот дека Google веќе работи на сопствени процесори, дури и вработија еден од водечките инжинери, Manu Gulatia од Apple. Имавме интересен benchmark тест минатата година, а резултатите за iPhone 7 Plus покажаа дека е еден од најјаките телефони кои се достапни во поглед на benchmark-от на тестовите на поединечните јадра. Google Pixel падна на овој тест. Тоа би можело да отвори цел свет на развојни можности кога некако би можеле да го решат овој проблем, што би им овозможило да држат чекор со Apple и Samsung.

05_google_creating_an_android_iphone

Прашањето за добавувачи е нешто посложено од тоа. Од една страна, конкуренцијата е многу изразена. Добавувачите не можат да продадат производ кој се уште не демонстрирал што може да направи по поголема цена; сепак ако се држат на едно технолошко ниво и не работат добро, можат да направат многу помала заработувачка, што може да го забави развојот. Исто така, да не заборавиме дека Google Pixel не е на пазарот во секоја држава, бидејќи не можа да држи чекор со зголемената побарувачка, колку и да звучи тоа чудно. Не е битно дали ќе се продаваат повеќе телефони туку дали може да произведат доволно според побарувачката.

Дури и Apple ги има овие проблеми. Многу пати се случило да снемаат количина од iPhone 7 Plus телефони, иако фабриката Foxconn е способна да произведе пола милион iPhone-и на ден. Сепак, Apple продава повеќе од 250 милиони iPhone-и секоја година – не е изненадување, овде нема слободни денови. Google за тоа многу тешко ќе се подготвува, и затоа во основа е единствената компанија кога би можела да се натпреварува со Apple и да создаде сличен, добар телефон. Да, со оптимизиран софтвер.

06_google_creating_an_android_iphone
Оваа слика е илустрација

На тој начин, Google би можел да смета дека се првите чекори од проектот кој би можел да води кон нешто многу убаво во иднина. Ако Google навистина сака да создаде добар телефон, Google тоа може да го направи. Microsoft во минатото проба да го направи истото, но тоа беше целосна утка. Не очекуваме дека Google ќе измисли телефон кој ќе ги надмине сите останати телефони во следните две-три години, или телефон кој ќе ги натера корисниците на iPhone да ги остават своите уреди позади себе. Но, некоја здрава конкуренција која е добра за бизнисот – поготово ако зборуваме за вистинска конкуренција.

Извор: The Verge

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!