imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Google го гаси Google+


Тврдат дека причината за гаснењето на услугата Google+ е малиот број регистрирани и активни корисници. Но, тоа не е целата вистина. Скандалот со протекување податоци беше клучен фактор во донесувањето на оваа одлука.

Услугата Google+ е претставена во 2011. година како најголем конкурент на Facebook, но поголем дел од корисниците многу брзо загубија интерес за неа. Ако сте и вие еден од тие корисници, веројатно нема посебно да ве растажи веста дека Google сега ја гаси оваа услуга.

Мораа да го прифатат фактот дека работите не се развиваат како што планираа. Според објаснувањето на нивниот блог, 90 проценти од корисниците поминуваа само 5 секунди на таа страница. Значи, целата инфраструктура била бесмислена.

Тоа е објаснувањето за јавност.

Меѓутоа, реалноста е малку поинаква. API на Google+ има многу незгодна грешка која им овозможи на програмерите на апликациите пристап до податоците на корисниците кои својот статус го поставија како приватен. Овој проблем беше актуелен од 2015. до 2018. година, што е прилично долг период. Со него беа погодени речиси половина милион корисници – да бидеме попрецизни, 496.951.

А тоа е само почеток. Според инсајдерските информации, компанијата намерно не сакаше јавно да зборува за проблемот за протекување на податоци. Во екот на скандалот на Facebook со Cambridge Analytica, правниот оддел на компанијата сметаше дека подобро е да се молчи за да се избегне било каков облик на инспекција и вмешување на надлежните институции.

Меѓутоа, мораа да ја допрат и таа тема, па во објавата на блогот го споменаа тој проблем, но и додадоа дека нема цврсти докази дека податоците на корисниците навистина биле загрозени. Инаку, кога зборуваме за податоците мислиме на имињата, мејл адресите, датумите на раѓање, половите, адресите, вработувањата и статусите за врските.

Без разлика дали причината за гаснење е слабата заинтересираност на корисниците или протекување на податоците, едно е сигурно: Google+ се гаси за 10 месеци, во август 2019. година.

Извор: MacRumors

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.