imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Google Maps конечно има поддршка за CarPlay


Тоа се случи порано отколку што очекувавме. Многумина желно ја очекуваа оваа опција и сега е конечно тука. Следен на ред е Waze…

CarPlay на Apple е достапен одамна, откако е претставен iPhone 5 со iOS 7.1. Се работи за стандард кој му овозможува на вашиот iPhone да се поврзе со автомобилот и да го преземе водството.

Исто така, можете сигурно да го користите својот смартфон додека возите и да уживате во предностите на iOS, како слушање на музика или олесното разговарање. Секако, тука е и најважната работа – навигација. Но, постои уште едно проблемче.

Од самиот почеток, пред отприлика пред години, корисниците на располагање го имаат само Apple Maps.

А сите знаеме што значи тоа. Во ред, денес работите се малку поодбро, но решението на Apple е далеку од најпопуларните опции на пазарот. Тоа е факт и корисниците повеќе би сакале да ги употребуваат Google Maps или Waze. За жал, тоа беа пусти желби.

Се до објавувањето на iOS 12!

Кога беше претставен системот, најавија дека им е овозможено на програмерите од трети страни да ја вклучат поддршката за CarPlay во своите системи. Google, секако, веднаш ја прифати таа прилика. Сега полека се откриваат првите информации. Мислевме дека процесот ќе трае многу подолго, но Google веќе лансираше ажурирање на Google Maps 5.0 баш за iOS, и со него ја овозможи оваа опција.

Се работи за толку добри вести што ни Google не можеше да се воздржи при објавувањето на надградбата.

Работи кои не радуваат: виножита, кученца и Google Maps навигација на Apple CarPlay.

Ни ние не би можеле подобро да се изразиме. За Waze се уште нема никакви вести, но сигурно нема да треба долго да чекаме.

Извор: The Verge

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.