imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

GRID Autosport: искуство на конзола на iPhone


Натпреварувач во категоријата тркачки игри кој веќе ги освои конзолите влезе во борба со другите игри на App Store. Играта Grid Autosport сега пристигна и на iPhone, и тоа со исклучително добра понуда.

GRID Autosport беше помеѓу најдобрите игри од претходната генерација конзоли. Кон минатата година, беше лансирана за iPhone и iPad уредите. Меѓутоа, ја немаат сите можноста за уживање во играта; поради високите барања на системот, играта е достапна само на уредите кои не се помлади од iPhone 6s и iPad 2017 (како и Pro линијата), но нешто повеќе за тоа ќе кажеме подоцна.

Feral Interactive објави и неколку други игри за iOS и macOS. Од нивната понуда, досега имавме прилика да ја испробаме F1 2016. А сега проверивме дали можеме за нашите пари од GRID Autosport да добиеме искуство на ниво на конзола. Да, играта не работи на freemium моделот, би требало да платите само еднаш, но за тоа ќе ви кажеме нешто подоцна.

Графика

Имаме ФАНТАСТИЧНА графика. Програмерот на играта, Codemasters направи навистина одлична работа. По стартувањето, играта ни нуди можности да ја преземеме HD текстурата DLC и многу други проширувања. Пред воопшто да дојдеме до првата трка, големината на играта беше преку 6 GB, но се исплатеше. По неколку секунди сфативме зошто: добивме неверојатна графика која навистина е налик на PS3 во Xbox 360.

Играта навистина ја користи сета сила која е во хардверот. Поради тоа, за да ја играте, ќе ви биде потребен барем А9 чип. Тоа не е изненадувачки, сличните игри во оваа категорија – кои имаат верзија за конзола или PC – исто така ги бараат истите спецификации. Поголем дел од уредите можат да го достигнат ова ниво, меѓутоа, играта не може да се стартува на Apple TV 4. генерација; а надградбата за „малата црна кутија” не се очекува, барем не наскоро.

На iPhone 7 искусивме неколку fps падови, но не е страшно или вознемирувачко да го намали искуството на играње. Во исто време, сфативме дека телефонот воопшто не се загреал во текот на играњето, па поради тоа имавме чувство дека играта не го користи целиот потенцијал кој се наоѓа во iPhone.

Контроли

Не се сметаме за мајстори на тркачки игри, но по неколку возења можевме прилично едноставно да управуваме, да победуваме во трките и да собираме бодови. Можеме да избираме помеѓу неколку контроли, но ние се држевме до оние традиционалните – десно е за забрзување, лево за кочење. Можете да ја прилагодите осетливоста на контролите, а автомобилите се однесуваат поинаку на секоја патека, што на играта и дава прилично реалистично чувство, но нема да ја направи прилично тешка.

Како што напредувате низ ниграта, можете да ги надградите возилата и нема купувања во рамки на апликацијата. Се надеваме дека тоа нема да се промени во иднина.

Искуство на играње

Како адаптација на конзолната игра, оваа верзија има различни начини на работа: кариера, дополнителни првенства, персонализиран куп, со временско ограничување и брза трка. Во брзата трка можете да изберете било кој вид на трка, на било која патека со било кои автомобили. Кариерата, пак, ќе ви даде реално искуство на натпреварување.

Тука исто така можете да избирате помеѓу спонзор и серија. Не смееме да заборавиме ни на дизајнот на звукот во играта, кој е навистина извонреден. Се на се, играта ви дава навистина одлично и сложено искуство за својата цена.

 

Цена

За оваа игра, би требало да издвоите 9,99 долари, што на прв поглед може да се чини како многу пари за мобилна игра; но нема додатоци кои ги плаќате во текот на играта. Feral раскина со моделот на микротрансакции и ја нуди играта по фиксна цена со бесплатен DLC. За сите оние кои ги нервира бесрамното, напорно „само купете ги овие додатоци” однесување на EA Games, Feral Interactive може да ви понуди игра која е слична на Real Racing. Единствена разлика е што не мора да ви течат лиги над скапите пакети.

Исто така, имаат еден недостаток. Додека другите игри ви нудат се поголем број расположливи автомобили, во оваа игра ќе го имате она со што сте почнале. Но, искуството е целосно исто. По 3-4 часа играње, се уверивме дека GRID Autosport е навистина одлична понуда.

Преземете ја GRID Autosport од App Store (универзална, 9,99 долари)

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.