imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Губење на смартфонот или кражба – што е поверојатно?


Според неодамнешните вести, поголема е шансата да го загубиме мобилниот телефон дома, отколку некој да ни го украде.

Компанијата Prey изработува повеќеплатформски решенија за следење на изгубените мобилни телефони на апликациите за лаптопи, таблети и смартфони, а ги користат повеќе од осум милиони луѓе ширум светот. Компанијата делува веќе десет години, па одлучи да го искористи искуството и податоците кои ги има, и да состави поучен извештај.

Врз основа на приказните кои корисниците ги поделиле со нив, компанијата Prey избрала 829 случаи на губење и кражба на уреди и ги анализирала, а се резултираше со многу интересен документ, кој би можел да ни ги отвори очите.

Врз основа на анализираниот примерок, компанијата издвоила вкупно шест примери: изгубен уред, џепарење, кражба во домот, грабеж, провалување во автомобил и провалување во делови канцеларии. Без нималку одолговлеќување, извештајот веднаш го покажува следното:

Во поголем дел од случаите, луѓето едноставно забораваат каде го оставиле уредот.

Така е, се чини дека сами на себе сме си најголеми непријатели. Во 69,12% од случаите самите корисници се виновни за губење на уредите, додека кражбата се јавува во 30,88% од случаите. Кога сме дома, би требало да имаме сигурно место за своите уреди, посебно ако имаме гости. Исто така, мораме да внимаваме кога сме во јавност, било на улица, во јавен превоз, канцеларија или училиште. Немојте фактот дека ги познавате тие места да ви вметне чувство на сигурност: кога сме најопуштени, најмалку внимаваме – затоа најмногу незгоди и се случуваат кога сме дома. Уште повеќе, нашите улици и не се толку опасни, посебно во споредба со другите делови на светот.

Извештајот исто така покажува на кои места најмногу се случуваат незгодите. Во случај на губење на уредот, најчесто место на злосторството е нашиот дом.

Во случај на кражба, најмногу треба да внимаваме во јавниот превоз и на улиците, што е и очекувано, но се покажа дека не смееме да се опуштиме ни во училиште или на работното место.

Кога се работи за кражба, ситуацијата е малку поинаква. Провалувањето во домовите и кражбите на улица сочинуваат преку половина од случаите.

Секако, дури и во таквите сериозни ситуации можно е да се пронајде смешната страна. Колегите од Prey истакнаа неколку приказни:

  • Пијан корисник го оставил мобилниот во ладилник по лудо излегување (LOL).
  • Бивш вработен ја лажирал сопствената смрт и го земал канцеларискиот лаптоп (навистина?!)
  • Средношколец го украл телефонот на професорот (да може да знаеме како се завршила оваа приказна).
  • Лут човек го фрлил смартфонот на пријателот преку ограда (како што рековме, бидете внимателни и покрај пријател).

Најдобро е секој да извлече свој заклучок, но едно е сигурно: внимавајте на своите уреди, бидејќи гаранцијата не го покрива нивното губење. Досега не сме слушнале за апликацијата Prey, но дефинитивно ќе ја испробаме. Ако се покаже подобра од Find my iPhone, ќе пишуваме за неа!

Дали некогаш сте го изгубиле телефонот? Како сте се чувствувале?

Извор: Prey blog

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.