imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Gurman го предвиде цел Keynote во септември, однапред


Де факто, не постои ниту еден дел од новиот iPhone кој ќе излезе овој септември, а за кој Gurman не коментираше во својот најнов извештај. Ако сакате да останете невини со цел да бидете изненадени, подобро не продолжувајте со читањето …

Марк Гурман од Блумберг, познатиот крал на доушниците и неговиот колега, Debyy Wu, престанаа со зафркавањата и го предвидoа целиот Keynote. Имаше многу детали што двајцата веќе ги предвидоа, но од тука повторно одиме со комплетната листа на она што се очекува да биде објавено во средината на септември.

  • Три нови iPhone-и. Да, не очекуваат уште три различни уреди. Еден понапреден iPhone X со OLED екран од 5,8″ и еден со OLED екран од 6,5″. И трет “поевтин” модел со 6.1″ LCD екран ќе го задржи дизајнот на iPhone X.
  • Сите бои од виножитото. Веќе беше споменато. Ако гласините се покажат дека се вистинити, 6.1″ модел може да ги има сите бои што можете да ги замислите. Црна, бела, сина, црвена, портокалова – што и да посакате. Но, алуминиумската рамка не можеше да биде обоена. Поради ова истата може ќе остане со истиот метален сјај.
  • Гестови. Сите три уреди може да ја соддржат познатата нова гест контрола, Face ID за отклучување на уредот како кај iPhone X. Сепак, најголемата промена може да биде со режимот за поделен екран со цел содржината да биде гледана условно кажано од рамо до рамо.
  • Именување. Како што веќе споменавме. Маркетинг депото дефинитивно мора да ја искористи целата своја креативност за да пронајде соодветни имиња за претстојните уреди. Според Gurman, ова прашање е константно прашање на аргументи во компанијата. Сега се чини дека iPhone Xs и iPhone Xs Plus се кандидатите за овие OLED уредите.
  • Сè останато. Не е неопходно во септември, но оваа година новата генерација на AirPods би можело да биде објавена, заедно со Apple Watch 4, iPad Pro со Face ID и помалите рамки, и толку многу очекуваниот AirPower безжичен полнач.
Тоа е сè што знаеме и останува само да се надеваме. Поканите очекуваме да бидат испратени наскоро. Сите докази не упатуваат во насока дека настанот ќе се одржи на 12 септември и сите ќе дознаеме за што точно станува збор.
Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.