imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Gurman: iOS 13 ќе поддржува Dark Mode


Mark Gurman не можеше да ги задржи овие информации за себе и ги подели своите размислувања за iOS 13, iPhone 2019 и следната генерација на iPad mini во еден единствен текст. Подгответе се на поплава од вести!

Gurman, кој моментно се смета како еден од најдоверливите извори, ги собра сите свои информации врзани за идните производи на Apple во еден огромен текст. Да ги погледнеме една по една.

iOS 13 – Dark Mode

Па, не би се возбудувал премногу околу тоа, бидејќи во изминатите три години, вестите за Dark Mode непрестано пристигнуваа и тврдеа дека токму овој режим ќе биде следната функција на iOS, а тоа на крајот не се случи. Во секој случај, сега Gurman ги потврди вести за доаѓањето на темниот начин на работа, а тој обично ја говори вистината.

Покрај тоа, исто така ја спомена и обновената CarPlay платформа, целосно новиот почетен екран и подобро управување со фајловите. Во случај тоа да не е доволно, исто така ќе претстават и нови надградби за iPad, со функции како поставување на два прозорца од иста апликација едни до други или можноста за прегледување на неколку верзии на истата апликација, како страниците во веб-прегледникот.

iPhone 2019 – тројна камера

Тоа можеше да се слушне од неколку извори, но сега Gurman конечно ги потврди вестите: првата тројна камера ќе пристигне оваа година. Според неговите информации, само Max моделите ќе има трета камера, благодарение на која корисниците ќе можат да фотографираат со поголем оптички зум и да снимат повеќе пиксели во широк распон на агли.

Наводно, дизајнот нема да се промени ни оваа година, а за возврат, камерата ќе има поразвиени софтверски решенија, ќе пристигне нов процесор од A-серијата и ќе развијат нов Face ID сензор. Интересен е и фактот дека според зборовите на Gurman, во лабораторијата на Apple се наоѓаат неколку прототипи кои се опремени со USB-C – слично на iPad Pro – наместо со Lightning приклучок. Засега тоа е само тест, па не можеме да го земеме здраво за готово.

iPad mini – навистина ќе пристигне

И на крајот, Gurman го спомена и iPad mini, иако рече само неколку зборови за овој производи, воглавно тоа дека навистина ќе пристигне. Сепак, спомена дека наследникот на 9,7-инчниот iPad, кој од некоја причина ќе порасне на 10 инчи оваа година, ќе добие посилен процесор и ќе го задржи својот Lightning приклучок. Врзано за новите iPad модели, во последно време пристигнуваат конкретни знаци.

Извор: Bloomberg

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.