imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Gurman: iPad со Face ID и iOS 12


Во својот неодамнешен извештај, Mark Gurman, познатиот аналитичар на Bloomberg погледна во иднината и ни претскажа што можеме да очекуваме од iOS 12. Исто така, со нас сподели неколку информации за iPad.

Напишавме подолг текст за тоа колку посебен би можел да биде iOS 12, според Gurman и Axios, ова би можел да биде Snow Leopard момент на мобилниот оперативен систем. Тоа би можело да значи дека Apple наместо новите и поголеми функции, ќе обрне внимание на стабилноста и неколку помали надградби. Но, досега овие помали надградби не беа споменувани.

Накратко: animoji. Конечно, би можеле да користиме animoji во FaceTime видео-повиците и да се претвориме во кученца, маченца или го….ца во реално време. Во тоа чувство би можеле да уживаме и на таблет – екранот е многу поголем, а сите сме запознаени со поимот колку поголемо, толку подобро. Според информациите на Gurman, Apple ќе лансира iPad со Face ID, а тоа најверојатно би можел да биде Pro модел. Исто така, минатата недела Rambo пронајде делче од кодот кој би можел да ги потврди информациите на Gurman.

Освен тоа, iOS 12 со кодното име Peace ќе содржи неколку нови функции. Во склад со своето име, iOS 12 би можел да донесе рамнотежа во просторот на немирните корисници. Би можел да пристигне со напреден Do Not Disturb начин на работа, неколку преобликувани изворни апликации, а iPad уредите би можеле да управуваат со апликациите како табови – што значи дека истата апликација би можела истовремено да работи во два таба. Оваа функција би можела да ги доближи iPad iOS и macOS, што би бил добредојден потег.

Gurman исто така се држи до информациите за доаѓањето на универзални апликации, со кои би можело да се управува од било кој уред со еден допир или клик. Ако ја преземете за Mac, тоа би била апликација за работната површина, а ако е за iOS, тогаш се работи за мобилна апликација. Веќе се занимававме со таа тема. Но, отсега ќе бидеме малку повнимателни. Би можеле да замислиме дека Apple навистина размислува за таква опција, но сега кога официјално забавија, тоа би било префрлено за 2019. година. А потоа, кој знае…

Мислиме дека годинашниот WWDC нема да донесе толку возбудливи вести, но стабилниот систем е целосно вреден за тоа.

Извор: The Verge

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.