imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Heart Study на Apple се приближува до целната линија


Иницијативата на Apple, Heart Study е покрената во ноември, а се занимава со собирање податоци за срцевите аритмии со помош на Apple Watch и паметните алгоритми. Компанијата би можела да ги искористи овие податоци за развојот на своите идни уреди.

Апликацијата Heart Study минатиот ноември почна да собира кардиоваскуларни податоци од американските корисници преку паметните часовници на Apple, а овие информации се користат за истражувањата кои се спроведуваат во соработка со Универзитетот во Стенфорд. Apple Watch функционира така што ги осветлува жилите на садовите со помош на фотоосетливи диоди и го мери протокот на крвта низ нив.

Исто така, со часовникот се мерат и бележат отчукувањата на срцето, а кога овие податоци се комбинираат со алгоритмите на Apple, можно е да се препознаат срцевите проблеми и да ги известат корисниците за нив. Програмата за истражување моментно е достапна само за лицата со добро здравје на срцето и со познавање на англискиот јазик.

Според информациите од mobiHealthNewsa, документацијата и собраните податоци кои Apple ги предаде во FDA би можеле да помогнат во развојот на следните уреди на Apple, и – што е уште поважно – да го претворат Apple Watch во официјален здравствен уред.

Пред неколку месеци пишувавме за случајот кога Apple Watch спаси живот. Да ве потсетиме, се работеше за Scott Killian, зфдрав и активен педесетгодишник кој водеше сметка за своето здравје и одеше на редовни лекарски контроли. Меѓутоа, една ноќ го разбуди неговиот Watch, предупредувајќи го дека пулсот во состојба на мирување му пораснал на 120 отчукувања во минута. Scott тоа го мачеше, па замина во болница.

Се испостави дека четири артерии му се зачепени и итно беше опериран. Да не одлучи да им се обрати на лекарите, следното утро можеби немаше да се разбуди.

Неговиот пример совршенмо објаснува зошто ваков уред му е потребен на пазарот и колкав потенцијал има за индустријата на здравјето. Се шушка дека ни пристигнува и Apple Watch со функција на EKG, а ако FDA ги одобри сите Apple податоци и документација, нивниот паметен часовник би можел да стане нов здравствен стандард.

Извор: Apple Insider

 

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!