imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Hitman: Sniper – Црна Гора преку нишан


Јапонскиот Square Enix стана познат член на заедницата на мобилни игри по објавувањето на својата GО серија. Откако нивната поевтина, но вистински популарна игра, Hitman: Sniper е лансирана, го задржаа своето прво место на листите.

App Store е полн со снајперски игри, но кралот на овој жанр дефинитивно е играта Square Enix. Таа нуди навистина заразно искуство на играње по пониска цена, но прилично добра без обврзување на играчите постојано да бидат присутни онлајн и без обврзувачки купувања во рамки на апликацијата. Звучи забавно!

Додека го играте Hitman: Sniper, повторно можете да влезете во кожата на Agent 47, платен убиец кој можеби ви е познат од PC и конзолните игри. Главниот концепт е прилично едноставен. Би требало да ги ликвидирате вашите непријатели со помош на нишанот на вашиот пиштол.

Во играта постојат две патеки и два начина на играње. Иако тоа можеби делува малку, програмерите се прогрижија за многубројни акции во текот на играта. Оние кои го познаваат Hitman серијалот знаат дека целта на играта не е да се елиминираат што повеќе непријатели, туку да се смисли што подобра тактика. Основната тенденција и тука е задржана.

Играта се одвива во замислена, луксузна, црногорска вила со славни гости, келнери и наоружани чувари. Во текот на својата мисија, морате да ги отстраните целите внатре, но и надвор од огромната куќа. Патеката лесно би можело да се помине за неколку секунди, но вашата работа не е толку едноставна. Само доколку ги исполнувате сите критериуми кои бараат извонредни вештини и размислување, можете да напредувате во играта.

Патеките се прилично сложени. Стражарите одат по различни патишта на кои можат да им се случат многу несреќи (како на пример експлозија на гасна боца), која ќе ги елиминира. На одредените делови од патеката можете да ги убиете стражарите и да го скриете нивното тело, за да останете незабележани.

Обрнете внимание, некои од нив имаат токи-воки во своите раце и можат да ги алармираат останатите во случај да запазат нешто сомнително. Стражарите можете да ги повикате пукајќи во предмети и така да ги направите ранливи. Главните мети, гангстери и сомнителни деловни луѓе можеби нема веднаш да се појават, на нив треба да се чека. По исполнувањето на мисијата, на агенцијата и е потребно 10 минути да ве спаси. За да победите, неопходно е да го познавате секој скриен агол на црногорската вила и однесувањето на стражарите.

Се ова се специјални ефекти кои програмерите ги користеле за да ја направат оваа игра поживописна. Освен главната, со истрел во глава морате да елиминирате уште пет мети, но и да предизвикате три смртни случаи кои ќе изгледаат како незгода, и сето тоа пред да ве спаси агенцијата.

Неколку совети: во текот на играта држете ги очите отворени. Ќе добиете дополнителни поени за пософистицираните решенија, кои ќе ви овозможат подобро котирање на таблелата. Значи, суштината на играта е квалитетот, а не квантитет.

Покрај собирањето бодови, комплетирањето на мисијата ви донесува пари кои можете да ги потрошите на купување или надградба на своето одружје. Мудрото трошење на пари дефинитивно се исплати, бидејќи специјалната опрема ви го олеснува постигнувањето на целите. Доколку тоа не едоволно, заработените пари нема да ги потрошите на прескокнување на одредени патеки.

Ако балканскиот гангстерски лов ви здосади, постојат и бонус патеки. Во Долината на смртта, во една напуштена фабрика среде пустина, можете да се борите со зомби. Стилот и атмосферата е целосно поинаква.

Програмерите постојано ја ажурираат Hitman: Sniper, така што црногорската патека константно се дополнува. Во текот на божиќните празници се појави празнично осветлување, додека чуварите носеа божиќни капи. Иако играта е објавена во 2015. година, графиката е прилично добра и не го оптоварува вашиот уред. За среќа, не бара константна интернет врска, така што не можете да уживате во неа било кога и било каде.

Hitman: Sniper топло им го препрачувам на сите, посебно што чини само 0,99 долари. Исполнувањето на сите 150 мисии трае неколку часа и не нуди ништо помало доживување од скапоцените игри. Единствен недостаток му е што при секое стартување ве мами да купите дополнително оружје во App Store.

Меѓутоа, ако сакате игра полна со акција за која се потребни вештини и размислување, Hitmen: Sniper е ваша игра.

Преземете ја Hitman: Sniper од App Store (0,99 долари, iPhone, iPad, содржи IAP)

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.