imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

HomePod доби зелено светло, се приближува датумот на лансирање


Apple ги доби сите потребни дозволи за достава на оние милион HomePod уреди кои сакаа да ги пуштат во продажба уште минатата година. Официјалното лансирање можеби ќе биде за помалку од еден месец.

Се е подготвено Apple конечно да го лансира HomePod, а и Федералната комисија за комуникации (FCC) ги издаде сите потребни дозволи за овој уред со WiFi и Bluetooth конекција. Веќе поминаа две недели откако аналитичарите на GBH предвидоа дека официјалното лансирање ќе се случи за четири до шест недели.

Судејќи според се, беа во право – според досегашните искуства овој датум би можел да биде точен. На пример, iPhone X беше лансиран еден месец по одобрувањето. Apple веќе ги замоли корисниците за трпение кога лансирањето планирано за крајот на минатата година беше одложено за првата половина на 2018., бидејќи уредот не беше подготвен за продажба. Дури и доколку целта им беше да постигнат надпросечно добар квалитет на звукот во однос на другите паметните звулници, аналитичарите сметаат дека Apple требало да ги усоврши функциите на Siri пред лансирањето.

Apple не е прва компанија која влезе на овој пазар, а според неодамна објавено истражување, едно од шест американски домаќинства има виртуелна куќна помошничка. Сепак, треба да се додаде дека почетната цена на овие уреди е 50 долари, што не гарантира најдобар квалитет. Исто така, основната намена на овие звучници не е еднаква на основната намена на HomePod.

Се уште немаме сигурни информации за точниот датум на лансирање, но знаеме дека нема да го пропуштиме.

Извор: Macrumors

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.