imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

iMac како екран? Како?


iMac е all-in-one (се-во-едно) решение од Apple, каде што е посветено големо внимание на квалитетот на екранот. Значи, прашањето е исправно – можеме ли да го користиме iMac како надворешен екран споен на MacBook?

Оние кои би сакале да купат екран со соодветни функции и прикладен изглед и да го користат со своите лаптоп компјутери се наоѓаат во тешка ситуација. Пронаоѓањето на дисплеј со IPS панел од врвни материјали кој е со соодветен изглед за MacBook е тешка работа. Може ли постар iMac да биде соодветен за таа работа?

Одговорот е да. Иако, не е секој модел соодветен за работата. Листата на модели е многу кратка: 2009 iMac 27”, 2010 iMac 27” и сите модели на iMac 21.5” од 2011. до 2014. година. Тоа се моделите кои би можеле да функционираат како надворешен екран поврзан со MacBook, MacBook Air и MacBook Pro со Thunderbolt кабел.

Првите две работи кои треба да ги направите е да проверите дали вашиот iMac одговара и да побарате Thunderbolt кабел. Поврзете ги уредите и притиснете CMD (⌘) + F2 на тастатурата на iMac. Кога iMac го користите како надворешен екран, можете да управувате со неговата светлина и звучниците преку вашиот лаптоп. Тоа не е никаков hack, Apple официјално го поддржува ова решение.

Сето останато можете да го поставите во System Preferences > Display и исто така во Sounds. Исто така, можете да поврзете повеќе iMac компјутери со вашиот MacBook. Единственото ограничување за бројот на уредите е бројот на достапните приклучоци на вашиот MacBook.

iMac компјутерите кои се користат како надворешни екрани ќе продолжат да ги покренуваат процесите на системот како и претходно. Ако сте слушале музика пред поврзувањето, музиката ќе продолжи да свири. Затоа другите уреди поврзани со iMac не можат да се користат во исто време со вашиот MacBook.

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.