imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

iMac компјутерите добија тивка надградба


Apple ги надгради моделите на iMac, што воглавно подразбира нови и помоќни процесори. Дизајнот не е променет.

Љубителите на iMac веќе предолго посакуваа нови уреди, бидејќи од минатата надградба поминаа 652 дена. Па, денеска дојде и тој ден, но нема преголеми промени.

Најважна промена е фактот дека новите iMac уреди имаат Intel Core процесори од 8. и 9. генерација, што е осетно зголемување на силата во однос на претходните генерации. Можете да нарачате Core i7 процесор од осмата генерација со 3.2 GHz и шест јадра, и екран со големина од 21,5-инчи, додека 27-инчниот 5K модел може да биде опремен со Core i9 процесор од 9. генерација со 5,0 GHz и Turbo Boost. Според Apple, сега 21,5-инчните модели се околу 60 проценти побрзи во однос на претходната генерација, додека 27-инчните модели имаат 2,4 пати подобри перформанси од своите претходници.

Како и кај MacBook Pro, графичката картичка Radeon Pro Vega е достапна и за iMac уредите. Тоа значи околу 80 проценти подобри перформанси од претходно.

Што се однесува до RAM меморијата, наместо 2133 MHz, ќе имаат 2666 MHz DDR4 RAM. Почетниот 21,5-инчен модел стартува од 8 GB и оди до 32 GB, а поголем простор за складирање е достапен за 27-инчниот модел и изнесува 2 TB SSD.

Тоа е воглавно се. Дизајнот остана ист – решението од 2012. година е и повеќе од одлично. Истото вреди и за екранот, влезовите и боите, па можеме да заклучиме дека однадвор ништо не е променето. Класичниот 21,5-инчен модел и натаму доаѓа со 1 TB SATA хард диск, па се исплати да се надгради на 256 GB SSD.

И на крајот, уште една новина: iMac Pro може да се купи со мемориски модул од 256 GB за сите оние кои сакаат да го спасат светот со своите компјутери.

Денешната надградба е прилично неочекувана по вчерашните вести, бидејќи навистина не очекувавме ништо повеќе.

Што мислите за новитетите кај Mac уредите? Кои други надградби ги очекувате?

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.