imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

iOS и macOS апликациите би можеле да се спојат во едно


Новинарот на Bloomberg, Mark Gurman претпоставува дека Apple ќе им овозможи на развојните програмери да создаваат апликации за двете платформи истовременo, и тоа веќе на следниот WWDC.

Колку што вообичаено добро информираниот Gurman знае, лудиот развој во претстојниот iOS 12 и macOS 10.14 ќе биде воведување на универзални апликации. Во склад со тоа, програмерите ќе можат да создаваат апликации кои ќе работат на iPhone, iPad и Mac.

“Почнувајќи најрано од следната глодина, програмерите ќе можат да дизајнираат една апликација која работи со екран на допир или маус и тракпад, зависно од тоа дали работи на оперативниот систем за iPhone и iPad или на Mac хардверот”, објави Gurman.

Apple обично ја претставува следната генерација на својот оперативен систем на WWDC, кој се очекува на почетокот на летото следната глодина, така што тоа ќе биде прв пат кога големата публика всушност ќе се сретне со ова. Целосно оправдано прашање е за што ќе биде ова добро.

И додека iOS App Store процвета со апликации кои беа се подобри и подобри и има активна заедница на програмери, со рака избрани апликации и дневни препораки, тоа не вреди и за Mac App Store. Како што кажа Gurman: “тоа е како град на духови со ограничен избор и ретко надградени програми”. Има нешто во тоа, бидејќи поголем дел од програмерите ги продаваат своите производи надвор од Mac App Store. Универзалните апликации би можеле да ја променат оваа ситуација.

Имаме и програмери кои во основа досега мораа да развиваат две посебни апликации ако сакаа да бидат присутни во секој агол на екосистемот. Нивната работа би била значително полесна со оваа промена, надградбите би можеле да стигнат на двете платформи во исто време, трошоците на развојот би можеле да се намалат, и би требало да надградат само една апликација и да ги закрпат евентуалнитте грешки кои ги има.

Програмерот Steven Troughton-Smith тврди дека ова би можела да биде најважната промена во macOS системот во оваа деценија.

Како што наведува извештајот, моментно не е јасно дали Apple планира да ги спои двете App Store продавници, но тоа е многу веројатно што планираат да го направат. Gurman исто така наведува дека самиот iOS со време би можел да се спои со macOS, а овој проект под кодно име Marzipan би можел да претставува пат кон тоа.

Microsoft ја испроба оваа идеја, но концептот делумно пропадна поради падот на мобилниот оддел. Меѓутоа, Apple би можел да успее, учејќи на грешките на својот конкурент и со подобар план кој е вкоренет во повеќе извори, и од овие два система да создаде верзија која ќе процвета. Тоа дефинитивно би било интересно.

Извор: Bloomberg

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.