imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

iOS програмерите досега заработија повеќе од 70 милијарди долари


Нов сет на броеви е пуштен во куќата на Apple. App Store повторно помина низ неверојатен раст. Кој рече дека не се исплати да се програмира за  iOS?

„Постои апликација за тоа” – тоа беше слоганот што го користеа на лансирањето на App Storea пред 9 година, продавница која им донесе повеќе од 70 милијарди долари на програмерите, според најновото сопштение за медиуми на Apple. Минатата 2016 година беше година кога App Store стана огромен и привлече никогаш поголема маса на луѓе: само сетете се на навалата за Pokemon GO, кој наскоро ќе наполни една година. Ова големо зголемување воопшто не е случајно, компанијата од Купертино прави се за да ги прошири сите можности за програмерите скриени во App Store.

Во изминатите 12 месеци, App Store забележа пораст од повеќе од 70 проценти, вклучувајќи ги iOS, macOS, watchOS и tvOS, како и iMessage App Store. Компанијата говореше за 2,2 милиони апликации кон крајот на ноември минатата година. Овој пат, не објавија ниту еден број од таков вид, но ја нагласија можноста за Apple Pay и различните картички за подароци, како и iMessage продавницата со налепници. Оваа последната може да биде дури и голем магнет за пари.

Моделот на претплата придонесува за фактот дека се повеќе и повеќе трошиме на апликации: бројот на претплатници порасна за 58 проценти во една година. Тоа вклучува различни стриминг сервиси како Spotify, Apple Music, Netflix и слични, или фитнес и други лајфстајл апликации – App Store нуди апликации во севкупно 25 категории. На мобилните игри и натаму им оди добро, баш како и на апликациите кои го поттикнуваат здравиот живот и помагаат во занимавање со спорт.

Овој последен сегмент порасна за скоро 70 проценти во однос на минатата година, додека категориите за фотографија и видео пораснаа за скоро 90 проценти. Програмерите на Apple создаваат апликации за корисници во 155 земји, а компанијата посебно го нагласи Super Mario Run како успешен производ. Не се сомневаме дека заработиле многу пари. Фил Шилер исто така додаде неколку свои вообичаени реченици на претставувањето, како виш потпрeтседател на Apple за светски маркетинг.

Луѓето насекаде ги сакаат апликациите и нашите корисници ги преземаат во рекорден број. Седумдесет милијарди долари заработени од програмерите е едноставно шокирачки. Воодушевени сме од сите одлични нови апликаии кои нашите програмерите ги создаваат и едвај чекаме повторно да ги видиме следната недела на нашата Светска конференција на развијни програмери.

Извор: Apple

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!