imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

iOS 11.3 донесува многу нови функции


Поминаа само два дена од објавата на последната јавна верзија на iOS 11.2.5, но Apple – во свој класичен манир – ја објави и првата бета на следната верзија на системот, која е полна со ветувачки функции. Сега само треба да го чекаме iOS 11.3.

На минатогодишниот WWDC, Apple претстави две нови функции кои многу ни недостасуваа во моментната и минатата iOS 11 верзија: AirPlay 2 синхронизацијата на пораките во облак беа вклучени во првите бета верзии на iOS 11, но со време едноставно исчезнаа. Сепак, се чини дека нема да треба уште долго да ги чекаме, бидејќи двете се вклучени во првата бета верзија на iOS 11.3 за програмерите.

Апликацијата iMessage во својата моментна состојба може да доведе во разни проблеми. Своите разговори на iPhone можете да ги вратите од сигурносниот бекап, но на другите уреди може да дојде до губење на контролата и потфрлање на синхронизацијата. Меѓутоа, ако опцијата iCloud Sync биде вклучена во официјалната верзија на iOS 11.3, повеќе нема да треба да се соочуваме со такви проблеми. Исто така, треба да се напомене и Business chat на  iMessage како нова функција. Во основа се работи за chatbot, што е многу сличен на оној на Facebook, со кој претходно ве запознавме.

Потоа доаѓаме и до AirPlay 2, кој е директно поврзан со лансирањето на HomePod. Иако Apple јасно истакна дека повеќепросторната поддршка нема да биде вклучена во првата верзија на нивниот паметен куќен звучник, првата програмерска бета верзија на iOS 11.3 го вклучува AirPlay 2 кој игра голема улога за таа поддршка. Натаму, ќе биде достапен и за Apple TV и другите уреди кои ја поддржуваат оваа технологија, на пример BeoPlay M3.

Ни пристигнува и Health Records. Оваа функција ќе ни пружи единствена платформа за сите здравствени институции и ќе ни пружи поудобно корисничко искуство. Корисниците така ќе можат полесно да им пристапат на сите свои податоци во апликацијата Health. Меѓутоа, Apple со полна пареа работи на големиот проект Health и би сакале да создадат автоматски систем кој би ги известувал корисниците за сите нивни здравствени прегледи и зафати. Секако, оваа функција е само помал дел од големиот план, кој најпрвин може да се тестира во САД.

Ни пристигнуваат и четири нови Animoji: лав, мечка, змеј и костурска глава. Поважна информација за програмерите е 1.5 верзијата на ARKit, које ќе помогне во создавање на попрецизни апликации.

Вклучена е и опцијата Advanced Mobile Location, која би им овозможила на нашите уреди да ја даваат својата попрецизна локација во итни случаи.

Се уште не е вклучена опцијата за проверување на статусот на нашата батерија и прекинувачот за вклучување и исклучување на забавувањето. Во едно претходно интервју, речено е дека овие функции наскоро ќе бидат достапни. Значи, ни преостанува само да чекаме – ќе бидат објавени уште многу бета верзии пред конечната верзија на системот.

Извор: 9to5mac

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!