imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

iOS 12: Како безбедно да ги делите лозинките преку AirDrop


iOS 12 има многу корисни иновации. Помеѓу нив се и поразвиените функции за управување со лозинките. Благодарение на оваа мала функција, можете да ги поделите дури и најкомплицираните лозинки со другите на навистина сигурен и брз начин. Ќе ви покажеме како тоа да го направите.

Apple во понеделникот ги претстави своите најнови системи, помеѓу останатото и iOS 12. Меѓутоа, веќе пишувавме за главните иновации, а следниот ден пишувавме дури и за оние детали кои беа споменти на сцената. Разбирливо, главни атракции следната недела ќе бидат iOS 12 и macOS Mojave, но овој пат ќе ви ја претставиме една од најдобрите функции на iOS 12.

Поголем дел од корисниците се прилично амбивалентни кон лозинките. Во 2018. година, веројатно сите знаат дека сигурноста е исклучително важна и се обложувам дека секој знае дека е препораќлива употребата на комплицирани лозинки. Истовремено, практичноста и навиките се одлучувачки, поради тоа лозинките како bunny123456 често се користат во банките, како и на мејловите, а во најлош случај, напишани се на работната површина со обичен текст за да не ги заборавите.

Па, тоа не е најдобро решение. За среќа, постојат се повеќе и повеќе апликации за управување со лозинките и компании кои пробуваат да ги уверат корисниците дека со практични функции можат да живеат сигурен онлајн живот без болка. Секако, Apple е еден од нив.

Чест проблем со лозинките е тоа дека е дешко да се делат. iOS 12 нуди едноставно, но одлично решение. Благодарение на него, сега можете да ги поделите лозинките преку AirDrop. Се што треба да направите е:

  • Одете на менито Settings > Accounts & Passwords
  • Притиснете го менито App and Website Passwords
  • Иднетификувајте се
  • Изберете го саканиот влез
  • Притиснете го полето Passwords и потоа копчето Share
  • Остатокот работи на вообичаениот AirDrop начин

Оваа нова функција ќе работи само на оние уреди кои ги покренува iOS 12 или MacOS Mojave, поради тоа ви препорачувам да ги ажурирате уредите по објавувањето.

Извор: MacRumors

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!