imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

iOS 12: Користење на кратенки


Со iOS 12, Apple претстави кратенки кои овозможуваат извршување на автоматски операции со помош на Siri. Да погледнеме како тоа ќе функционира.

Автоматизацијата не е никаква иновација во поглед на системот кај уредите на Apple. Само сетете се на Automator, кој ви овозможува да ги соберете функциите во групи и да ги покренувате како алгоритми. А тука е и Workflow на iPhone, за кој веќе пишувавме. Почна како апликација од трета страна, потоа ја купи Apple, а во септември ќе ја замени функцијата Siri кратенки.

Со ова системско решение ќе можеме да прилагодиме многу кратенки: од малите функции како испраќање известувања за временската прогноза до посложените операции како автоматски пораки, внесување во календар, листа на задачи и слично. За среќа, поставувањето е многу поедноставно отколку за Workflow.

Конфигурацијата можете да ја одработите во Поставките и да ја пренасочите во апликацијата Shortcut. Преку постоечките кратенки ќе можете да пристапите во табот Мои кратенки, а ако сакате, одредените ставки можете да ги бришете или уредувате. Не само што можете да задавате алгоритамски наредби со новите кратенки – можете да додадете и гласовна наредба за секој од нив. Благодарение на тоа, не е важно на каков англиски и се обраќате на Siri (течен или малку помалку добар), таа добро ќе знае што сакате да постигнете.

Оние кои го пропуштија тој дел на WWDC можат да ја погледнат следната снимка, почнувајќи од 31:30:

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.