imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

iOS 12: Креирајте групни FaceTime повици


Apple минатата недела ги претстави сите нови функции на iOS 12. Освен стабилноста и надградбата на перформансите, најавени се и некои многу возбудливи функции. Една од нив е и опцијата на групни FaceTime повици.

FaceTime основата е функција на сите iPhone, iPad и MacBook уреди. Во случај да не знаете за што се работи, еве краток опис: тоа е зададена опција за аудио и видео повици помеѓу уредите на Apple. Едноставна е, брза и доверлива. Но, немаше никаква посебна моќ. Барем не засега…

Отсега можете да почнете групен видео разговор со најмногу 32 лица. Тоа е огромен состанок во дигиталниот свет. Покрај тоа, ако имате iPhone X, можете да му се придружите на разговорот во облик на коала или некој друг Animoji.

Дизајнерите го направија интерефејсот на FaceTime многу едноставен, а можете да почнете групни повици и преку групни разговори во iMessages.

  1. Притиснете ја иконата + во горниот десен агол.
  2. Притиснете го полето со примателите.
  3. Додајте ги контактите и подготвени сте.

Уште поедноставно е да се претвори групниот чет во апликацијата Messages во групен видео повик. Ако сте веќе член на разговорите, во ажурираната FaceTime апликација можете да видите дали е во тек некој видео разговор и лесно да му се придружите или да го напуштите.

 

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.