imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

iOS 12 навистина би можел да ги подобри перформансите на вашиот iPhone


Најголемите хитови на iOS 12, претставен во понеделник, дефинитивно се засилените перформанси и стабилноста. Инженерите на Apple на последниот тест забележаа значајни зголемувања на брзината. Но, дали тоа ќе го почувствуваме во пракса?

На презентацијата во понеделник, Apple претстави нови функции на iOS 12. Во оваа верзија на системот навистина се посветија на развојот на некои елементи кои осетно ќе го подобрат корисничкото искуство.

Според нивните тврдења, iOS 12 ќе биде молневито брз. Не би било фер да се каже дека последните лансирани iPhone уреди се бавни, но на долното видео можете да ја видите разликата помеѓу брзото и БРЗОТО.

Многу импресивна карактеристика на iOS 12 е тоа дека ќе биде достапен за сите уреди со поддршка за iOS 11. Со други зборови, iPhone 5s – кој оваа година слави пет години – ќе може да премине на новата верзија на системот, баш како и постарите iPad модели. Би можело да се каже дека новиот систем ќе ги подобри сите модели. Apple тврди дека апликациите ќе се отвораат најмалку 40 проценти побрзо, а некои би можеле да имаат и двојно подобри перформанси. Тастатурата ќе работи 1,5 пати побрзо, а камерата на iPhone 6 Plus би можела да се подобри за 70 проценти.

Раните тестови сето тоа јасно го демонстрираат – системот навистина ги забрза постарите модели. Всушност, важно е да се напомене дека сите овие бројки се однесуваат на системските апликации на Apple. Програмерите кои се доволно внимателни би можеле да постигнат идентични резултати, но за потребите на тестирање се употребени апликации од трети страни оптимизирани за iOS 11.4.

Сепак, убаво е да се знае дека Apple ги исполни своите ветувања: апликациите кои секојдневно ги употребуваме, како камефрата, пораките и слично, би можеле да бидат навситина многу побрзи.

Извор: 9to5mac

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!