imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

iOS 12: Нови гестови на iPad


iOS 12 целосно го промени начинот на управување со iPad. Да погледнеме како тоа ќе функционира!

По претставувањето на iPhone X, тргнаа гласини дека новото управување со гестови на уредите без Home копче наскоро ќе се прошири и на iPad. Па, не требавме долго да чекаме на тоа. Малку повеќе од шест месеци по претставувањето на iPhone X, Apple најави дека речиси целиот нов управувачки систем ќе го воведе и на iPad.

Зошто е тоа одлично?

Оние кои веќе долго употребуваат iPad веројатно ги знаат сите гестови кои не се достапни на iPhone. Додека управувањето со iPhone беше идеално за iPad mini, бидејќи имаше Home копче, тоа не им одговараше на поголемите iPad уреди, а најмалку на iPad Pro со големина на екран од 12,9 инчи. Поради тоа беше нужно Apple да ги воведе новите гестови од iPhone X и на iPad.

Што ќе се промени?

Се. Посточеките гестови и натаму ќе бидат достапни и ќе биде можно да се употребува Home копчето, но новите методи на управување ќе бидат подобри на долги патеки.

  • Со штипкање одите на почетниот екран и повлечете од горе преку екранот.
  • Отворање на Контролниот центар: повлечете надолу од горниот лев агол.
  • Прикажување на центарот за известување: повлечете надолу од горниот лев агол.
  • Прикажување на Dock: полека повлечете нагоре, но не до крај.
  • Мултитаскинг поглед: повлечете нагоре, до половина на екранот.
  • Отворање на последните користени апликации од Home Screen: повлечете нагоре, па во десно.
  • Отворање на последните користени апликации од друга апликација: повлечете нагоре, па во лево.

Накратко, новите решнија можеби се малку комплицирани, но сигурен сум дека ќе се навикнеме на нив, како и во случајот на iPhone X и дека наскоро ќе заборавиме дека Home копчето некогаш постоело.

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!