imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

iOS 12: Повторно најавете се преку Face ID по неуспешен обид


Освен новите функции, Apple претстави низа подобрувања на постоечките функции. Едно од нив го прави користењето на Face ID многу полесно. Ќе ви покажеме како повторно да пробате да се најавите со Face ID по неуспешен обид.

Иако Face ID и Touch ID користат прецизна и софистицирана биометриска автентикација која во поголем дел од случаите работи брзо и прецизно, одвреме навреме се случува обидот за автентикација да не успее. И додека за Touch ID доволно е само повторно да се допре сензорот, со Face ID морате да играте жмурки како со 2-месечно дете.

via GIPHY

За среќа, Apple направи суптилно подобрување на системот поради кој не морате да се грижите за неуспешните обиди. Прилично е едноставно:

  • По неуспешниот обид, системот ќе ви ја прикаже тастатурата.
  • Секако, можете да внесете своја лозинка ако тоа го сакате.
  • Но, полесно е да се повлече со прстот нагоре ако сакате повторно да го пробате Face ID.

Во iOS 11, по неуспешниот обид на екранот можете да го видите само знакот “Внесете лозинка”. Меѓутоа, во iOS 12 можете да го видите знакот  “Повлечете нагоре за Face ID или Внесете лозинка”. Можеби се чини како ситница, но токму таквите прилагодувања можат да го направат користењето на системот подобро или полошо.

Извор: 9to5Mac

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!