imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

iOS 12.0.1 е достапен за преземање


Првата официјална надградба на iOS 12 пристигна. Apple не го чекаше крајот на месецот, кога го очекувавме лансирањето на iOS 12.1, и објави мал апдејт со кој се решени сите тековни проблеми.

iOS 12 е лансиран пред отприлика 3 недели и навистина донесе се што ветуваше Apple. Ова е најстабилен систем од сите кои ги објавиле во претходните неколку години. Но, тоа не значи дека не се појавија грешки. За среќа, не се толку страшни како во случајот на iOS 11. Овој апдејт ги решава сите скорешни грешки кои воглавно се врзани за решавање на проблемот на полнење на неколкуте нови iPhone уреди.

Иако iOS 12 требаше да биде помалку револуционерно ажурирање, всушност содржи многу интересни нови функции. Како воодушевувачкото подобрување на брзината на постарите уреди, новите AR функции, неколку изворни апликации кои се редизајнирани, Digital Health статистика, надградба на FaceTime, групирани известувања и новите и подобрени алгоритми на апликацијата Photos.

Еве што истакна Apple за оваа надградба:

iOS 12.0.1 донесува поправка на грешки и подобрувања за вашиот iPhone и iPad. Ова ажурирање:

  • Го решава проблемот поради кој некои iPhone XS уреди не почнуваа да се полнат веднаш по поврзувањето со Lightning кабелот.
  • Го решава проблемот кој можеше да предизвика поврзување на iPhone XS уредот на WiFi мрежа со брзина од 2,4 GHz наместо 5 GHz.
  • Го враќа копчето „?123“  на вистинско место на тастатурата на iPad.
  • Го решава проблемот поради кој во некои видеа не се прикажуваа преводите.
  • Го решава проблемот поради кој понекогаш беше недостапен Bluetooth.

Оваа надградба е достапна за сите уреди со поддршка за iOS 12. Големината на ажурирањето зависи од моделот, а на iPhone XS се работи за 157,5 MB. За преземање одите на Settings > General > Software update.

Иако оваа надградба не би требало да предизвика губење на податоците, направете си услуга самите на себе и не си играјте со оган. Направете сигурносен бекап на сите податоци од вашиот iPhone и iPad. Сите податоци можете да ги сместите на својата iCloud сметка, или на компјутерот преку iTunes. Грижливите корисници можат да ги направат и двете.

iOS 12 е достапен за следните уреди: iPhone 5s, iPhone 6, iPhone 6 Plus, iPhone 6s, iPhone 6s Plus, iPhone SE, iPhone 7, iPhone 7 Plus, iPhone 8, iPhone 8 Plus, iPhone X, петтата генерација на iPad, шестата генерација на iPad, iPad Air, iPad Air 2, iPad mini 2, iPad mini 3, iPad mini 4, iPad Pro 9.7″, iPad Pro 12.9″ (двете генерации), шестата генерација на iPod touch.

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.