imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

iOS 12: Како да се овозможи Weather виџетот на заклучениот екран


Скриена функција овозможува поставување на Weather виџетот на заклучениот екран во iOS 12. Да погледнеме како може да се вклучи.

Се чини дека Apple сепак не беше толкав противник на виџетите како што тврди, бидејќи тие веќе некое време се вклучени со системот, а iOS 12 овозможува и прикажување на временската прогноза на заклучениот екран. Меѓутоа, не зборуваме за класичен виџет – овој се појавува само кога се вклучени Do Not Disturb и Bedtime.

Bedtime е посебен начин на работа во Do Not Disturb, а служи токму за она што му говори самото име – за поставување на уредот во ноќниот начин на работа. Луѓето обично не ги употребуваат мобилните телефони во текот на ноќта и им пречи кога им пристигнуваат известувања во ситните ноќни часови, во моментите на REM фазата на сонот. Ако го вклучите овој начин на работа, ќе можете да го овозможите и Weather Widget на заклучениот екран.

Еве како тоа можете да го направите:

  1. Одете во ‘Settings’
  2. Притиснете ‘Privacy’.
  3. Притиснете ја апликацијата ‘Weather’.
  4. Овозможите Location Access, и потоа изберете Always

Ако тоа го направите, ажурираната временска прогноза ќе се прикаже на вашиот заклучен екран кога ќе се разбудите.

Извор: iDownloadBlog

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.