imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

iOS 12: Како да управувате со известувањата на заклучениот екран


iOS 12 ви дозволува на лесен начин да се ослободите од здодевните известувања на апликациите и цело време да останете фокусирани на битните работи. Сега ќе ви покажеме како!

Само неколку недели пред претставувањето на iOS 12 бевме бесни поради застарените и здодевни известувања на iOS во споредба со решенијата кои ги нудат конкурентските компании. За среќа, Apple ги слушна нашите молитви, па со лансирањето на iOS 12, не само што ја воведе опцијата за групирани известувања, туку и можноста да се ослободите од нив со еден потег.

Во ерата пред iOS 12, на известувањата им се пристапуваше низ 10 различни фази: 1) Живеевте среќно. 2) Од апликацијата излегува здодевно известување. 3) Ја бришете. 4) Од истата апликација излегуваат уште многу здодевни известувања. 5) Тука веќе ги губите нервите. 6) Одлучивте да ја исклучите. 7) Го отклучувате уредот и почнувате да одговарате на пораките. 8) Заборавате да ги блокирате известувањата од таа апликација. 9) Добивате уште здодевни известувања. 10) Се враќате на чекорот 5.

Постоеше само едно решение. А тоа е во сред бесот, игнорирајќи ги сите известувања кои постојано ве преплавуваат, да одлучите да влезете во подесувањата и да ги избришете сите апликации кои беспомошно ве избезумуваа.

Во споредба со ова, замислете колку е лесно сето ова да го изведете по појавувањата на iOS 12.

  • Здодевното известување се појавува на вашиот заклучен екран.
  • Поминувате со прстот налево преку него.
  • Влегувате во Menage.
  • Одлучувате дали сакате А) во целост да ја исклучите или B) да го изберете Deliver Quietly, што ве спасува од целото тоа пиштење, но и натаму останува во Notification Center.

Конечно можете да обрнете повеќе сметка за своите нерви. Совршено!

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.