imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

iOS 12 конечно е објавен и можете да го преземете


Конечно дојде тој ден што го чекаме уште од WWDC: најновата официјална верзија на мобилниот оперативен систем конечно е објавена! По низата бета верзии, сега сите имаат прилика да ја преземат конечната верзија на својот iPhone или iPad.

Системот конечно функционира и Apple само што ја објави конечната верзија на iOS 12 за сите корисници. Како и обично, сите сакаат што е можно побрзо да дојдат до новиот систем, па подгответе се за долго преземање. Дотогаш, еве потсетник за најважните функции на iOS 12, за полесно да одлучите дали се исплати веднаш да го преземете.

Ажурирањето ќе го пронајдете во Settings > General > Software Update.

Перформанси

iOS 12 би требало да дојде во облик на три софтверски надградби. Наводно ќе ги објавуваат со два пати побрзо темпо отколку iOS 12, но ќе видиме. Што се однесува до поддршката, секој уред кој имаше iOS 11 ќе може да премине на новата верзија на системот, а оваа надградба ќе ги исполни сите наши соништа и ќе покрие најголем број производи досега. Исто така, постарите уреди ќе станат побрзи – се споменуваше дека апликациите би можеле да се отвораат 40-50 проценти побрзо. Тоа го постигнаа на следниот начин: CPU перформансите веднаш ќе го достигнат својот максимум, па нема да треба да чекате системот да се „загрее”.

AR

Во соработка со Pixar, развија нов фајл систем, наречен USDZ, кој ќе биде многу паметен. Претпоставувам дека деталите ќе ги откријат подоцна. Ќе има и поддшка за Adobe Creative Cloud. Уште повеќе, ќе претстават апликација која ќе ви овозможи уредување на проширената реалност. Звучи кул и се чини дека сериозно и пристапиле на таа идеја.

Лансирана е и новата апликација за мерење, наречена Measure. Тоа не е изненадувачки, бидејќи иста таква веќе постои во App Store. Одлично.

Како што можеше да се очекува, на ред дојде и ARKit 2, кој донесува бројни иновации. Најважна е опцијата повеќе корисници да ја делат истата проширена реалност, што во превод значи AR игри и апликации за повеќе играчи.

Apple во тој контекст оствари соработка со Lego, што веројатно е најдобрата работа која можеше да се случи во врска со ARKit. Доволно е да се насочи камерата во поддржаната Lego фигура и таа веднаш ќе оживее и така ќе стане некој вид на дигитална играчка. Во принцип, се работи за остварување на сите наши детски соништа – ќе можеме во целост да го освоиме Lego светот.

Фотографии

Апликациите се креирани врз основа на попаметни алгоритми, а пребарувањата ќе бидат попрофесионални од било кога досега. Го подготвија и табот For You: спомени, потсетник на стари фотографии, препораки за делење и уште многу работи. Кога е во прашање споделувањето, смислија одлична нова функција. Ако споделувате фотографија со ваш пријател, неговиот телефон ќе ги прими сите фотографии од тој настан и ќе може да ги смести во заедничкиот споделен фолдер.

Siri

Нова функција: shortcuts (кратенки)! Можете да дадете наредби кои се однапред програмирани, а со кои се стартуваат одредени функции во апликациите. Нив ќе можете да ги добиете во посебна апликација која е многу слична на неодамна купената апликација Workflow – практично можеме да зборуваме за интегрирање на автоматизација во Siri.

Тоа осетно ќе ни ги олесни животите: ќе добиеме известување кога вашата баба слави роденден, предупредување да го стивнеме телефонот во кино и сл. И тоа автоматски, велат.

Зададени апликации

Ова нема посебна важност за нас, но апликацијата News стана попаметна, со поубав изглед и општо подобра. И Stocks има нов дизајн, и во него ја интегрираа апликацијата News. iPad ја доби апликацијата Voice Memos, a iBooks исто така е надграден. Не можеме да кажеме дека се работи за претерано возбудливи вести.

Дигитално здравје

Ја очекувавме и оваа функција. Во принцип зборуваме за група апликации. За почеток, тука е Do Not Disturb, кој ќе можеме уште подобро да го персонализираме и ќе биде уште попаметен. На пример, ќе можеме да го наместиме ако сакаме еден час одмор.

Промените ќе бидат видливи и кај известувањата. Конечно ги послушаа желбите на корисниците и вклучија групирани известувања во системот. Тоа го чекавме толку долго и пресреќни сме што тоа е конечно реалност!

За крај, Screen Time – вид на статистика, која следи кога, каде и колку долго го употребувате мобилниот, за подобро да можете да ги следите своите навики.

Уште повеќе, можете да поставите интервали на употреба на одредени апликации, па кога ќе го поминете зададеното време, системот ќе ве предупреди на тоа, а ако тоа му го допуштите, ќе ја блокираат таа апликација. Родителите ќе ги усреќи оваа вест, бидејќи ќе можат детално да контролираат колку време децата поминуваат со смартфоните, а достапната содржина на одредените апликации ќе може да се ограничи.

Animoji

Дури и Craig Federighi се пошегува со фактот дека ја развиле функцијата со препознавање на јазикот до ниво на „освојување на светот”. Така, отсега ќе можете да го испружите јазикот во форма на било кој animoji. Ура! Секако, тука се и новите ликови (коала, дух, тигар, T-Rex). За крај, уште еден новитет (внимавајте сега): MeMojI! Можете да направите дигитална Animoji верзија на самите себе! исто како што тоа е веќе возможно на уредите на Samsung, но – секако – тука е многу повеќе кул. Навистина неопходна работа.

FaceTime (лансирањето е одложено)

Групните FaceTime разговори – ова е уште една долго очекувана функција. До 32 лица можат да се поврзат во еден разговор, што е навистина одлично. Ја интегрираа оваа функција во iMessage, па можете да ги претворите групните пораки во групен конференциски повик со само еден допир. Наводно одлично функционира, дури и со максимален број на учесници. Попатно, тука се и многуте воведени Animoji, стикери, ефекти и слично.

Сите кои имаат намера да го преземат новиот систем им посакуваме да уживаат во него, а во коментарите напишете ни колку сте задоволни со него.

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.