imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

iOS 12 се шири побрзо отколку iOS 11 минатата година


Математиката е јасна. Значајно постабилниот систем привлекува значително повеќе корисници. Дали веќе го инсталиравте?

На почетокот на годината бевме малку скептични кога известувавме дека Apple застанал со развивање на новите карактеристики на iOS и дека се концентрирал на тоа следната, iOS 12 верзија да ја направи што е можно постабилна. Ова беше и повеќе од потребно, и за компанијата и за нас, корисниците. Збрканиот почеток на iOS 11 направи дури и најверните фанови малку да загубат верба во системот.

За среќа, кога iOS 12 беше лансиран во септември, не бевме разочарани, бидејќи Apple си го одржа зборот. Системот е стабилен и сигурен, бидејќи од почетокот на бета тестирањето, дури и јавните бета верзии беа стабилни. Статистиките исто така го потврдуваат огромниот напредок.

На самиот почеток, iOS 12 повторно мораше да ја здобие нашата доверба и беа потребни два дена да го преземат 10 проценти од корисниците, што iOS 11 го постигна за 24 часа. Меѓутоа, пред два месеца известувавме дека новиот систем го преземал водството и беше очигледно дека луѓето го сакаат iOS 12. Од тогаш ништо не се промени.

Според најновите официјални податоци на Apple, 70 проценти од уредите кои активно се користат го имаат iOS 12. Само 21% го задржаа iOS 11, иако сите уреди што можат да го покренат iOS 11, можат да го покренат и iOS 11, и само 9% се уште ги користат претходните верзии.

Овие броеви се многу подобри од резултатот на iOS 11 пред една година. Пред точно една година, претходната верзија беше инсталирана на 59 проценти од сите уреди.

Па, очигледно дека трудот секогаш се исплати…

Извор: MacRumors

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.