imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

iOS 12 сега е инсталиран на поголем број iPhone уреди


Беа потребни само две недели да се пробие новиот систем, и од сега, поголем дел од iPhone и iPad уредите ги покренува најновиот iOS.

Според пресметката на Mixpanel на увојување на iOS 12, две недели по официјалната објава на iOS 12, 47,54 проценти од уредите ги покренува iOS 12. На истиот ден минатата година, резултатот на iOS 11 беше 45,59 отсто, така што без никакво претерување можеме да заклучиме дека:

Поголем дел од iPhone и iPad уредите сега ги покренува најновиот оперативен систем.

Тоа и не е лошо постигнување за така краток временски период, иако не сме изненадени, бидејќи iOS ажурирањата се шират прилично брзо, посебно ако ги споредиме со Android.

Во исто време, би требало да додадеме дека ова не се официјални статистики на Apple, а Mixpanel обично ги преувеличува бројките во однос на вистинските податоци, но сепак, бројките се помалку или повеќе реални.

Mixpanel ја проучи и минатогодишната стапка на усвојување. Тогаш, две недели по објавата на iOS 11, резултатот гласеше 38,5 проценти, што значи дека iOS 12 видливо се шири подобро од својот претходник. Не е тешко да се откријат причините за тоа: објавата на iOS 11 беше прилично проблематична, додека iOS 12 наизглед е еден од најстабилните системи досега. Освен проблемот со полнењето кој ги опфаќа новите уреди, не можевме да откриеме ниту една сериозна замерка, што дефинитивно има позитивно влијание на брзината на ширење.

Само така продолжете!

Извор: MacRumors

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.